Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Остави ме да дишам“ – порака на албанските актери која ја пренесоа во Тетово

0
By Нова ТВ on January 23, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Актерите од Албанскиот театар во Скопје се приклучија на автентичен начин во протестот кон загадениот воздух кој го дишат граѓаните на Тетово, Скопје и другите загадени градови.
На крајот на синоќешната претстава „Затвореникот од 15 кат„ од Нил Сајмон, пред публиката во Тетово актерите се појавија со огромен транспарент на кој пишиваше „Остави ме да дишам“.

Едно вакво подигнување на гласот од страна на актерите од Албанкиот театар беше бурно пречекан од Тетовската публика, која не престана за неколку минути да им аплаудира како за изведбата, така и за чинот на активно учество на театарот во однос на општото добро на граѓаните.

Комедијата „Затвореникот од 15 кат„ е дело на познатиот американски писател Нил Сајмон, каде се прикажува животот на една фамилија која се соочува со невработеност, безперспективност но и пред се со загаден воздух во градот каде живее.

Претставата е панорама на перипетиите (на семејството Симони) кои на еден или на друг начин се интегрален дел на големите социјални проблеми кои ги доживува секој од нас.

Публиката час насмеана час замислена во текот на претставата помина низ неколку емоционални состојби, кои се разбира поради жанрот на претставата беа забавни, но воедно и причина подобро да ја разбереме реалноста во која живееме. Публиката посебно реагираше на репликите кои се однесуваа на загаденоста на градот во кој живеат ликовите на претставата, реплики кои не се разликуваат многу од секојдневните разговори на тетовчани.

Во претставата играа актерите Хамди Рашиди, Вјолца Бектеши – Хамиди, Музбајдин Ќамили, Теута Ајдини Јегени, Дрита Каба Карага и Флора Кадриу, додека режисер беше Донард Хасани.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.