Претседателот и извршен директор на јапонската компанија „Тошиба“ Хисао Танака, поднесе оставка, откако независна истрага утврди дека тој бил одговорен за нереално прикажување на поголем профит во последните шест години. Освен Танака, оставка поднесе и потпретседателот на компанијата, Норио Сасаки.
Профитот којшто тие го прикажувале бил три пати поголем од реалниот или вкупната бројка на фиктивното зголемување изнесувала 1,2 милијарди долари.
По откривањето на скандалот акциите забележаа пад на берзата за шест отсто. Јапонската влада е загрижена дека ваквите примери ќе ја поткопаат довербата на инвеститорите во јапонските компании.

