Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оставки и од директорите на „Улици и патишта“, на ЈСП Турс и на „Лајка“

0
By Sashko on September 16, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 16, 2022 12:35

Директорите на ЈП „Улици и патишта“, Борис Настов, на ЈСП Турс, Филип Василевски и на Јавното претпријатие за благосостојба на животни скитници „Лајка“ – Скопје, Воислав Димитровски, денеска дадоа оставки од функциите, поради, како што велат, немањето координација со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Настов во објава на својот фејсбук-профил истакнува дека, иако преку спроведните проекти и воспоставените добри практики во работењето на претпријатието многу работи се подобриле, реализацијата на проектите не се одвивала според неговите и очекувањата на граѓаните.

„Затоа, ве известувам дека давам неотповиклива оставка на местото в.д. директор на ЈП „Улици и патишта“. Оваа моја одлука ја донесов како резултат на неадекватната комуникација со Градоначалничката на Градот Скопје, како основач на Претпријатието, како и немањето на разбирање при реализаиција на клучните проекти од интерес на Градот, а за кои јавното претпријатие имаше можност и потенцијал. Неможноста и покрај сите мои искрени намери и напори да воспоставиме меѓусебно разбирање, соработка и почитување како неопходни фактори за успешна имплеметација на зацртаните проекти и активности на претпријатието, придонесоа кон донесување на оваа моја одлука“, вели Настов.

Директорот на ЈСП Турс посочува дека немале поддршка од Градот, но дека, сепак, успеале за период од шест месеци неколкукратно да ги зголемат приходите во делот на превоз и туризам, како и да обезбедат линеарно зголемување на платите за сите вработени.

„Но тоа не е доволно кога ЈСП Турс ја нема поддршката од Градот и нормалната комуникација со градоначалничката Данела Арсовска и со Генералниот директор Александар Стојковски. Морам да кажам дека разочарувачки е тоа што визијата која не обединуваше, проектите во кои веруваме и за која се обврзувавме пред скопјани не се исполнува и нема согласност од градот кој се повеќе е заглавен во кавги и пресметки и лични интереси затоа си давам оставка од директор на ЈСП Турс, од каде си заминувам со крената глава, задоволен од резултатите и со принципите во кои продолжувам да верувам“, вели Василевски.

Директорот на „Лајка“ потенцира дека во изминатиот период претпријатието поради тоа што немало финансиски средства за основно функционирање, правело акции за донации со цел да не се прекине воспоставеното темпо на работа за реализација на програмата и спроведување на хуман третман кај животните.

„Во ваква тешка финансиска состојба без реална поддршка од страна на Град Скопје, како ВД директор на ЈП „Лајка“ заедно со тимот од ЈП „Лајка“ и со несебична поддршка од страна на здруженијата и активистите успеавме да го зголемиме капацитетот на третирани кучиња со хуман третман за околу 40 отсто, вдомувањата на кучиња се зголеми за 300 отсто, според податок од МВР на ниво на Град Скопје има намалување на инциденти предизвикани од куче за 20 отсто. Подобрувањето на функционирањето на претпријатието се гледа и во бројот на вдомени кучиња во месец август 2022 година кој изнесува 40 вдомени кучиња во споредба со месец август 2021 година од 0 вдомени кучиња“, вели Димитровски.

Претходните денови оставки дадоа и директорите на  „Градски паркинг“ – Скопје, Бојан Христовски и ЈП „Дрисла“, Јане Мицевски откако беше разрешен в.д. директорот ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, Златко Перински.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.