Русија нема право да решава дали Шведска и Финска ќе влезат во НАТО, кажа портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.
Тој кажа дека претседателот Владимр Путин предупредил дека приклучување на Финска во алијансата би било грешка, но смета дека Русија нема право да реагира.
Претседателот на Финска, Саули Нинисто претходно кажа дека неговата земја ќе поднесе барање за членство во НАТО.
Финските власти соопштија дека земјата официјално донела одлука и дека ќе поднесе барање за членство во НАТО. Претседателот Саули Нинисто и премиерката Сана Марин одлуката ја соопштија одлуката на прес-конференција.
Финскиот парламент се очекува да ја усвои одлуката во наредните денови. Сепак, овој потег се смета за обична формалност.
Како што беше најавено, формалната апликација за членство потоа ќе биде поднесена во седиштето на НАТО во Брисел.