Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Осумдесет години од ослободувањето на Аушвиц: Историјата на ужасите

0
By Marija Todorovska on January 27, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 27 јануари 1945 година, Советската армија го ослободила Аушвиц и ги спасила преостанатите преживеани. Бројот на жртви во Аушвиц се проценува на околу 1.1 милиони луѓе, повеќето од кои биле Евреи.

Вниманието на светот денеска е свртено кон Аушвиц-Биркенау, еден од најтемните симболи на човечката историја, а по повод одбележувањето на 80 години од ослободувањето на овој нацистички логор во Полска.

Церемонијата треба да започне во 15:00 часот по Гринич и се очекуваат 54 меѓународни делегации, меѓу кои ќе бидат и претседателите на Италија, Франција и Германија.

Но, никој од овие политичари, дипломати, монарси нема ни да се приближи до микрофонот. Тие ќе бидат таму единствено за да слушаат. Годинава говорницата е резервирана само за оние кои ги преживеале ужасите на кампот.

Покрај преживеаните, единствените други обраќања ќе имаат претседателот на Светскиот еврејски конгрес Роналд С. Лаудер, кој ги претставува главните донатори на споменикот, и историчарот Пјотр Цивињски, директор на Државниот музеј Аушвиц-Биркенау.

Почетокот на Холокаустот

Се започна со бојкотот на еврејските продавници и заврши со гасни комори во Аушвиц, во намерата Адолф Хитлер и неговите следбеници да ги истребат Евреите.  Во јануари 1933 година, по десетгодишна политичка борба, Адолф Хитлер дојде на власт во Германија. Додека неговата моќ растеше, тој континуирано ги обвинуваше Евреите за поразот на Германија во Првата светска војна и за економските тешкотии со коишто таа се соочи потоа. Во јавноста, тој ја пласираше расната теорија, според која Германците со светол тен, руса коса и сини очи се супериорна човечка раса, владеачка раса, а спроти нив се Евреите, кои коваат светски заговор со што се обидуваат да ја оттргнат германската раса од позициите во светот што им припаѓаат и да владеат со светот.

Како кулминација на се, т.н. Ноќ на скршеното стакло (Кристална ноќ), ноќта на 9 спрема 10 ноември, кога 17-годишниот Хершел Гринцпан го уби германскиот амбасадор во Париз, Ернст фон Рат, се смета за официјален почеток на холокаустот.

Користејќи ги аргументите на ова убиство, нацистите го оправдуваа првиот Прогон против Евреите. Истата ноќ, деведесетина Евреи беа убиени, над 500 синагоги беа запалени, а скоро сите излози по продавниците на Евреите беа искршени. Веднаш потоа, се случи првото масовно апсење на поголема група Евреи, околу 25.000, кои беа однесени во концентрациони логори.

Аушвиц

Аушвиц бил основан во 1940 година и бил првично користен за притвор на Полјаци, но со текот на времето, нацистите го претвориле во центар за истребување, главно за Евреите од окупираните територии. Логорот брзо стана симбол на Холокаустот, во кој се убиени милиони луѓе, вклучувајќи и Евреи, Роми, полски затвореници, како и воени заробеници и политички противници.

Во Аушвиц-Биркенау, на новодојденците им ја одземале облеката, ја ставале во посебни фиоки со броеви и им наредувале секој да го запомни бројот на својата фиока за “подоцна”. Наместо јаглерод моноксид, за нив бил користен комерцијалниот пестицид Циклон-Б. Најпрвин умирале децата, а потоа возрасните, бидејќи пестицидот е вид на високоотровна киселина, која им била пуштана во вид на пареа. По 4-5 минути, влегувале специјални единици составени од Евреи-заробеници, кои ја “чистеле” просторијата за наредната група. Претходно, им биле вадени златните заби, доколку некој имал такви. Телата биле уништувани на различни начини, вклучувајќи масовни палења, кремирање на отворен оган, или во специјално дизајнирани печки. Сета облека, пари, злато, накит, очила и други вредности, биле сортирани и вратени назад во Германија за „повторна употреба“. Косата од жените била праќана во фирма во Баварија, за производство на перници, перики и фломастери.

Експерименти со луѓе

Германскиот лекар Менгеле, кој го добил подоцна прекарот „ангел на смртта“,го искористил Аушвиц како можност за продолжување со неговите истражувања во областа на генетиката и расните разлики, користејќи ги затворениците од логорот како предмет за експериментирање. Особено бил заинтересиран за близнаците, кои биле селектирани и сместувани во посебни бараки. Ја изучувал и болеста наречена нома, која особено ги погаѓала ромските деца, со намера да докаже дека одредени болести се јавуваат поради расната инфериорност. Менгеле се интересирал и за психичките абнормални однесувања, како и за генетските пореметувања. Се интересирал и за џуџињата, како што е примерот со романската фамилија Овиц, која броела десет члена, од кои седум биле џуџиња. Експериментите кои Менгеле ги вршел врз сите набројани, се со дубиозна научна вредност, вклучувајќи ја намерата да ја измени бојата на очите во сина, со намера да ја унифицира ‘‘ариевската‘‘ раса, инјектирајќи хемикалии во очите на децата, како и бројни операции на отворен мозок и други брутални операции со стерилизација.

Унгарскиот Евреин, доктор Миклос Ницли, кој бил искусен патолог, бил избран за асистент на Менгеле. Оние кои биле избрани за субјекти на експериментите на Менгеле, се сметале дека се спасиле од гасните комори, биле подобро хранети и подобро се однесувале со нив, сè додека не се инфицирале од операциите кои се извршувале над нив и не умреле. Менгеле никогаш не се однесувал кон нив како кон луѓе, туку како кон обични предмети за истражување, нешто како денешните хрчаци. Во повеќе наврати, тој убивал субјекти само да може да ги истражува внатрешните органи.

Бројни се сведочењата како на деца од пет-шестгодишна возраст, им вбризгувал инјекција, за да по неколку минути тие умрат. Правел и експерименти со вештачко осеменување на девојки, за да во подоцнежниот стадиум на бременоста им предизвика абортус.

Ослободување и денешниот спомен

На 27 јануари 1945 година, Советската армија го ослободила Аушвиц и ги спасила преостанатите преживеани. Бројот на жртви во Аушвиц се проценува на околу 1.1 милиони луѓе, повеќето од кои биле Евреи.

Денес, Аушвиц е претворен во меморијален комплекс и музеј, посветен на сеќавањето на жртвите на Холокаустот и како опомена за човечката трагедија. Музејот привлекува милиони посетители од целиот свет, кои доаѓаат да го почитуваат сеќавањето на жртвите и да учат за опасностите од расизмот и нетолеранцијата.

27 декември Аушвиц Втора светска војна Евреи концентрациони логори нацисти Полска Хитлер Холокауст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.