Брисел: Осум лица се обвинети за корупција, перење пари и учество во криминална организација по истрагата за поткуп во Европскиот парламент, објави синоќа белгиски обвинител.
На 13 марттие соопштија дека уапсиле неколку лица под сомнение за поткуп во Европскиот парламент, наводно во корист на кинеската електронска компанија Хуавеј.
На 13. март, белгиските инспектори претресоа 21 просторија низ Белгија и Португалија, а судија оттогаш побара од нив да ги запечатат канцелариите на двајца парламентарни асистенти.
Белгиските обвинители соопштија дека наводната корупција се одвивала „многу дискретно“ од 2021 година под маската на комерцијално лобирање и вклучувала плаќања за преземање политички позиции или екстравагантни подароци како храна, патни трошоци или билети за фудбалски натпревари.
На крајот на 2022 година, Европската унија беше потресена од скандалот „Катаргејт“ откако белгиските власти обвинија четворица поврзани со Европскиот парламент поради сомневање дека Катар и Мароко поткупувале политичари, парламентарни помошници и невладини организации за да влијаат врз донесувањето одлуки во Европскиот парламент.