Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ОСВРТ) Публиката гладна за култура, културњаците се погладни

0
By Ана Василевска on January 9, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Ретроспектива, култура 2022
Ретроспектива, култура 2022
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА 

Измината година имаше рекордна посетеност на културните настани. Се бараше билет повеќе за концертите во Филхармонија, концертите на Биг Бендот на Здружението на џез музичари, за театарските претстави. Гужва можеше да се забележи и на филмските фестивали, изложбите а и издавачите се пофалија со зголемена продажба и љубопитство на купувачите за нови наслови. Зголемениот интерес на граѓаните да конузмираат култура во различна форма, веројатно се должи на постпандемиската година во која конечно кино салите, концертните хали можеа да се посетат без ограничувачки протоколи.

Од концертот на Биг бендот на ЗЏМ и Рамбо Амадеус
Од концертот на Биг бендот на ЗЏМ и Рамбо Амадеус

Прилично набиена културна агенда имаше во периодот на летните месеци, кога се преклопија настаните. Голем дел од организаторите на филмските фестивали, плашејќи се од евентуално нови огрничувања поради пандемијата ги поместија редовните термини на одржување во лето. Дури и најголемиот филмски фестивал во земјата, кој годинава беше домаќин на великанот на филмската камера Ентони Дод Ментл, фестивалот на филмска камера  „Браќа Манаки“ прв пат се одржа во август. Сепак ова фестивалско издание ќе остане запаметено по неповторливиот мастер клас на Дод Ментл.

Ентони Дод Ментл на „Браќа Манаки“
Ентони Дод Ментл на „Браќа Манаки“

Културњаците незадоволни од скратениот буџет за култура

Наспроти ова пак, оние кои ја создаваат културата, негодуваа за намалениот буџет од ресорното Министерство за култура од каде што во најголем процент се субвенционираат настаните. Со куси ракави културата ќе остане и од поддршката на Град Скопје.

Погледите на културњаците беа свртени и кон подготовка на новиот Закон за култура. Според министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, новиот закон предвидува унапредување на правата на културните работници, но и вработување на младите, кои штотуку дипломирале на некои од уметничките факултети.

Веднаш по објавувањето на нацрт-верзијата на новиот закон, реагираше Синдикатот на култура, алармирајќи дека не се вклучени во работните групи за изработка на новиот нацрт. Оттаму истакнаа дека не им е даден доволно временски простор да испратат забелешки и предлози на веќе подготвената верзија.

На ова министерката посочи дека нацрт-верзиите на законот им била испратена електронски, откако била изработена во рамки на Министерството.

Проблеми има и во Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ). Ликовните уметници лани реагираа дека немаат соодветен простор и галерија за работа, по што одржаа и средба со министерката на која ги упатија своите барања.

Во меѓувреме, во текот на 2022 година продолжија активностите на шест инвестициски проекти, кои се продолжување на изведбата од претходните години. Три се изградби на нови објекти во Тетово, Скопје и Струмица, а три се реконструкции на постојни објекти во Куманово, Кочани и Гостивар.

Лани почнаа девет нови капитални инвестициски проекти, како реконструкции на објекти на национални установи од областа на културата.

Во рамки на самитот „Отворен Балкан“ во Охрид лани се одржа пленарна сесија насловена „Отворен Балкан отвора култура“, во чии рамки е предвидено да се реализираат гостувања на театри, опери и размена на искуства во полето на културата со Албанија и Србија.

Филмската уметност, која не сопре ниту во пандемиските години, повторно доживеа големи успеси

Годината ја одбележа новото дело на режисерката Теона Стругар Митевска „Најсреќниот човек на светот“ кој всушност беше македонски кандидат за Оскар во категорија најдобар меѓународен филм.

„Најсреќниот човек на светот“ во септември имаше светска премиера на Филмскиот фестивал во Венеција, а имаше и своја проекција во Торонто.

Станува збор за дело кое е копродукција на Северна Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ и Данска, целосно е на босански јазик и главнината на актерската група се босански и хрватски актери.

Во текот на месец ноември филмот во светот се прикажуваше низ шест фестивали и имаше редовна дистрибуција во низа европски земји. Исто така, освои три награди на Филмскиот фестивал на словенечки филм во Порторож во Словенија.

Премиера имаше и новиот филм на Милчо Манчевски „Кајмак“. Филмот играше во кината низ земјата, а светската критика се огласи со негативни рецензии.

Вториот игран филм на Дарјан Пејовски „Мими“ кој се снимаше во пандемија, доживеа премиера на фестивалот во Пула и ги обиколи кино салите.

Првата пак грчко-македонска копродукција, филмот „Зад стоговите сено“, ги собра речиси сите награди на Солунскиот филмски фестивал. Овој филм отвори ново поглавје во културната соработка меѓу двете земји, особено по потпишување на Преспанскиот договор.

Преводот на романот „Мојот маж“ на Румена Бужаровска на грчки јазик, исто така може да се спомене како позитивен пример на културното доближување на двете земји. Романот доживеа и голем успех со францускиот превод на Марија Бежановска во издание на францускиот издавачки гигант „Галимар“.

Универзална сала и Скопје „Европска престолнина на културата“ за 2028 година, предизвици за идната година 

Годинава што ни претстои се очекува разрешница во однос на надлежностите за Универзална сала. Министерството за култура и Министерството за локална самоуправа постапиле по заложбите на Владата во однос на прашањето за надлежноста на Универзалната сала. Но министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска веќе три месеци очекува информација од градоначалничката Данела Арсовска за тоа до каде е состојбата со Универзалната сала и дали воопшто има некакви активности.

Скопје е влезен во најтесниот круг за добитник за наградата „Европска престолнина на културата“ за 2028 година и токму Универзална сала се јавува како апликант на тој конкурс. Министерката најави дека постои подготвеност со сите ресурси да се започне структурирањето на програмата за „Европска престолнина на културата“ за што се издвоени средства од буџетот и на владино ниво.

Кон крајот на годината беше најавено и отворање на македонски културен центар во Белград како дел од стратегијата за културна дипломатија, по примерот на успешната работа на КИЦ Тирана.

Може да се заклучи дека функционалната т.н жива култура имаше квалитетна и активна година, а според анализата колку е таа важен амбасадор за земјата во светот, потребно е политички да не се маргинализира и да не биде прва која ќе настрада кога станува збор за економска криза. Европските насоки на државата во голема мера ќе зависат и од интензивен и континуиран влог во уметноста и културата како есенцијални цивилизациски вредности.

ЗЏМ македонски филм министерство за култура Универзална сала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.