Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костадиновска Стојчевска: Да се реши Универзална сала, важно е поради номинацијата на Скопје за Европска престолнина на културата

0
By Ана Василевска on December 23, 2022 КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 23, 2022 12:55

Министерството за култура и Министерството за локална самоуправа постапиле по заложбите на Владата во однос на прашањето за надлежноста на Универзалната сала. Министерката Бисера Костадиновска Стојчевска денеска кажа дека е испратена информација до градоначалничката Данела Арсовска за тоа до каде е состојбата со Универзалната сала и дали воопшто има некакви активности.

„До ден денеска немаме добиено никаква повратна информација. Морам да апелирам и да напоменам дека Град Скопје е влезен во најтесниот круг за добитник за наградата „Европска престолнина на културата“ за 2028 година и апелирам овој проблем со Универзална сала, бидејќи токму Универзална сала се јавува како апликант на тој конкурс, да се реши и ќе иницирам нов состанок со градоначалничката Арсовска и заедно и Град Скопје и Министерство за култура и Владата да работиме на таа апликација и програма, зашто ни е од национален интерес“, рече Костадиновска Стојчевска.

Таа истакна дека постои подготвеност со сите ресурси да се започне структурирањето на програмата за „Европска престолнина на културата“ за што се издвоени средства од буџетот и на владино ниво.

„Ова е навистина значаен национален проект за нас како држава и затоа апелирам да се реши статусот на Универзална сала. Ние истапивме, понудивме помош и сега на ред е Град Скопје, а како второ, во најкус можен рок после празниците ќе имаме состанок повторно со градоначалничката Данела Арсовска токму за ова прашање. Мораме заедно да ја работиме културната програма за оваа значајна номинација“, изјави министерката.

Бисера Костадиновска - Стојчевска Европска престолнина на културата Универзална сала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.