Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отец Ивица: Фејсбук не е зло сам по себе, злото е избор на личноста

0
By Нова ТВ on October 27, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 27, 2013 12:52

Уште едно свештено лице се огласи против одлуката на МПЦ да им ги забрани социјалните мрежи на нејзините членови. Ви го пренесуваме статусот напишан на Фејсбук на Отец Ивица Тодоров.

Браќа и сестри во Христа, членови на помесната МПЦ – ОА!

Знам дека ви е актуелна одлуката на Синодот на МПЦ – ОА со која на епископатот, презвитерјатот (свештенството) и монаштвото на нашата помесна Црква им се забранува користењето на facebook социјалната мрежа. Одлуката, таква, каква што ја читаме по медиумите е недефинирана и крајно нејасна и како таква истата може да се искористи од оние што не ја симпатизираат Црквата како сериозен аргумент во оправдувањето на некои нивни ставови и пропаганди!

Секој посветен и искрен ученик Христов и член на Неговата Црква, баз разлика дали припаѓа во рамките на служебното свештенство (епископи, презвитери, ѓакони) или во рамките на царското свештенство (лаикосот или верниот новозаветен народ Божји) (Матеј. 24. 45 – 51/ 1. Петар. 2, 9 – 10) знае дека ЗЛОТО не постои само по себе, туку истото е плод на не – добриот (злиот) избор. Ништо во овој свет не е ЗЛО само по себе, туку злиот избор на личноста што сака да живее во ЗЛО нештата ги прави ЗЛИ!

Fecebook социјалната мрежа е ДОБРА и ЗЛА во иста мерка колку што се добри и зли луѓето што ја користат. Ова, всушност важи за сите аспекти на нашиот живот. Злиот човек и најсветото нешто ќе го оскверни со својата злина, а добриот човек и во највалканите нешта ќе ја види светлината на доброто! Па затоа, еве јас се ставам на располагање на епископатот на нашата помесна Црква, или конкретно на оние кои имаат сомнеж во социјалните мрежи, конкретно во facebook, со својот личен пример и искуство да им ги засведочам сите позитивни нешта кои можат да се искористат во современата мисија/ сведоштво на Црквата.

Резултатите, кои јас грешниот слуга Божји заедно со моите браќа и сестри, сме ги оствариле преку користењето на социјалните мрежи, но и – пред се и над се преку активност на дело – може да ги презентирам пред сите заинтересирани, не за пофалба, туку за слава на Бога и за доброто на Неговиот народ.

Исто така сум отворен и подготвен да проговорам и за темната страна на социјалите мрежи, но и на некои други „мрежи“ кои имаат за цел да ја потикнуваат и хранат озлобената, духовно – успиената и гревовната состојба кај оние кои сакаат да бидат тоа што избрале да бидат или можеби сеуште не се свесни што сакаат да бидат. Со љубов во Христа до сите оние на кои ДОБРОТО нешто им значи:)

Ваш слуга и брат презвитер Ивица Тодоров – МПЦ – ОА

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.