Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Откако Рама ги искритикува хотелиерите на југот ги намалија цените, достапни и бесплатни чадори и лежалки

0
By Marija Todorovska on July 24, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откако премиерот Еди Рама ги искритикува сопствениците на хотели за зголемените цени и до 30 отсто споредено со минатата сезона, посебно во јужниот дел на албанското крајбрежје, што придонесе за помала посетеност, цените почнаа да ги намалуваат.

Денеска тој постираше видео запис од исчистени плажи во Валона, на кои се поставуваат чадори за сонце и лежалки, кои туристите ќе ги користат бесплатно.

– Со систематизацијата на јавната плажа во Валона, каде не само што се нуди бесплатен простор, туку и бесплатни чадори и лежалки за сите туристи кои сакаат да уживаат на брегот, ви посакувам убав ден, напиша Рама на Фејсбук, најавувајќи вакви активности и во другите туристички места.

Претходно медиумите пренесоа информација, а не изостанаа и негативни коментари на социјалните мрежи, за високите цени, што биле причина и за намалената посетеност.

– Пред две недели беше тешко да се обезбеди евтин хотел во Саранда за крајот на јули или август. Цените почнуваа од 60 евра само за сместување, додека за Ксамил најевтината цена беше 80 евра за ноќевање. Цените на сместувањето на почетокот на сезоната се зголемија за 25-30 отсто. Но, се чини дека растот на цените веднаш ја намали побарувачката, предизвикувајќи спротивна реакција, наведува списанието Монитор.

По средата на Рама со хотелиерите цените почнаа да се намалуваат, така што двокреветната соба сега се нуди по цена од 130 или 150 евра, со обезбеден појадок и вечера, лежалки и чадор на плажа, како и паркинг.

За разлика од изминатите сезони, кога лежалките беа бесплатни, ова лето на некои од плажите цените почнуваа од 2 илјади лека (20 евра)  до 15.000 лека (150 евра).

– Туристичките оператори известуваат дека бројот на посетители на југот од земјава, иако на добро ниво, не е во рамките на очекувањата што ги имаа и затоа од ден на ден се зголемува бројот на објекти кои ги намалуваат цените. Згора на тоа, недостигаат локални туристи кои покажале тенденција да резервираат во странство во земји како Грција или Турција, наведуваат медиумите.

Исто така, на албанското крајбрежје сега има помало присуство на косовски Албанци кои, од една страна, се во помал број како резултат на визната либерализација и нивната определба одморот да го минат во други држави, а од друга страна, се смета дека влијание имаат зголемените цени и намалената вредност на еврото.

Во шпицот на сезоната, односно остатокот од јули до 20 август, хотели во Ксамил нудат пакети сместување со два оброка за 65-75 евра по лице.

Албанија Еди Рама цени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.