Претседателот на БугаријаРосен Плевнелиев, го откажа учеството на претседателскиот Самит во Охрид на 1 јуни. Официјално образложение се уште нема, а како замена за Плевнелиев, Бугарија во Охрид ќе ја претставува премиерот Марин Рајков.
На Самитот на Процесот на соработка на земјите од Југоисточна Европа откажа и грчкиот претседател Каролос Папуљас, но Кабинетот на претседателот на Македонија не доби официјално известување.
Оттука не е познато кој би ја претставувал Грција.
Среда е последниот рок кога би требало да се знае конечниот список на учесниците за охридскиот Самит.