Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Откажани американско-јужнокорејските вежби, дел од договорот Трамп-Ким

0
By Нова ТВ on June 19, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пентагон официјално потврди дека американско-јужнокорејските воени вежби закажани за август се откажани, како што минатата недела најави претседателот Доналд Трамп.

– Како исполнување на обврската што ја презеде претседателот Трамп и во согласност со нашиот сојузник Јужна Кореја, американските вооружени сили ги прекинаа сите подготовки за одбранбените „воени игри“ во август „Чувар на слободата“, соопшти портпаролката на Пентагон Дејна Вајт.

Таа додаде дека не е донесена никаква одлука за наредни воени вежби, прецизирајќи дека оваа одлука не се однесува за другите воени маневри, предвидени во Пацификот.

Вајт додаде дека оваа недела Пентагон ќе одржи состанок на кој ќе присуствуваат секретарот за одбрана Џим Матис, државниот секретар Мајк Помпео и советникот за национална безбедност на претседателот Џон Болтон.

Минатиот викенд беше најавено дека Јужна Кореја и САД неделава официјално ќе објават дека ќе прекинат со спроведување големи заеднички воени вежби, но под услов тие да бидат обновени ако Северна Кореја не го исполни ветувањето да се откаже од нуклеарното оружје.

Неименуван владин извор во Сеул изјави дека прекинот ќе се однесува најмногу на трите големи заеднички воени вежби кои САД и Јужна Кореја ги спроведуваат секоја година, но не и на рутински воени вежби од помал обем.

По историската средба во Сингапур меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ун, Трамп изјави дека ќе ги запре „провокативните, несоодветни и скапи“ заеднички воени вежби со јужнокорејските вооружени сили, кои Пјонгјанг ги смета за подготовка за инвазија на Северот.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа најави дека по средбата меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун, што се одржа минатата недела во Сингапур, можно е тој повторно да отпатува во Северна Кореја за да ги продолжи разговорите за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

Осврнувајќи се на средбата Трамп-Ким, Помпео оцени дека во овој момент „е тешко да се знае“ дали ќе биде потребна нова средба меѓу нив.

вежби Пјонгјанг САД Сеул
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.