Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Откажани настапи на поранешниот член на Пинк Флојд, Роџер Вотерс поради антисемитизам и поддршка на Путин

0
By Соња Крамарска on March 6, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот член на Пинк Флојд, Роџер Вотерс се соочи со уште едно откажување на неговото шоу бидејќи германската општина Франкфурт неодамна објави дека настапот на Вотерс за претстојниот фестивал нема да се случи, пренесува Rockcelebrities.net.

Властите ги навеле неговите политички коментари како причина за откажувањето и го нарекле поранешниот член на Пинк Флојд – антисемит.

И градот Франкфурт одлучи да преземе акција против Роџер, откажувајќи го претстојното шоу на фестивалот. Градскиот совет, наводно, имал овластување да го откаже шоуто бидејќи општината должи 60% од правата на фестивалот, што ја олеснило забраната за појавување на Вотерс. Исто така, беше објавено дека советот ги навел „антисемитските“ коментари на рокерот како причина за откажувањето.

Што се однесува до Вотерс, тој имаше планирано пет претстави во Германија, кои сега се четири. Сепак, многумина ги повикуваа официјалните лица да ги откажат и тие други настапи, но властите изјавија дека би можело да биде многу потешко да се забранат концертите на рпоранешниот басист на Пинк Флојд поради правни компликации.

Предходно, Вотерс го искористи говорот во Обединетите нации за да го повтори своето контроверзно тврдење дека руската инвазија на Украина била „провоцирана“. Како што пренесе Би – Би – Си,  на 9 февруари тој се обрати пред Советот за безбедност на ОН на покана од Русија.

Тој повика на прекин на огнот и ја осуди „нелегалната“ инвазија на Русија, но ги осуди и „провокаторите“ на Запад за кои тврди дека се одговорни.

Украинскиот амбасадор Сергиј Кислица го нарече говорот на Вотерс „уште една тула во ѕидот“ на руската дезинформација.

Ова не е прв пат да биде откажан настап на Роџерс поради неговите контроверзни политички ставови. Во септември минатата година беа откажани планираните концерти на Роџерс во Полска поради бесот поради ставот на музичарот за војната во Украина.

Иако промоторот на концертот, Live Nation Poland, го потврди откажувањето, но не ја наведе и причина за тоа, контроверзноста беше поттикната од отвореното писмо што Вотерс и го напиша на првата дама на Украина, Олена Зеленска, во кое, тој напиша: „екстремните националисти“ во Украина „ја поставија вашата земја на патот кон оваа катастрофална војна“.

За разлика од Роџерс, неговата матична група, легендарните Пинк Флојд уште во април минатата година во знак на поддршка на Украина ја објавија песната  „Hey, Hey, Rise Up“ , во соработка со  Андриј Хливњук, пејачот на украинската група „Бумбокс“. Целиот приход беше наменет за украинската хуманитарна помош.

Извор: Цивил медиа

Антисемитизам откажан настап Пинк Флојд Роџер Вотерс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.