По вчерашното нереализирање на директниот пренос од финалната вечер на фестивалот „Макфест“ од Штип, првиот човек на МРТВ, Марјан Цветковски вели доколку се утврди непрофесионално работење на дел од вработените, ќе има откази, пишува во утрешниот број на „Вест“.
„Ја преземаме одговорноста како национален сервис на граѓаните, и МТВ искрено и се извинува на целата македонска јавност. Ако причината е човечки фактор, ќе се преземат санкции и најстроги казни и откази. Не може нечија неодговорност да биде на штета на целата македонска јавност“, вели Цветковски.
Повеќе детали за овој скандал, во утрешното издание на „Вест“.
Инаку вчера поради технички проблеми врзани со линковите, Македонската телевизија не го пренесуваше финалето на фестивалот „Макфест“ на првата програма и наместо тоа, емитуваше филм.
Воедно, МТВ оваа година официјално информираше за техничко и технолошко усовршување на јавниот сервис.




