Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Откриена е вакцина против маларија која е 77% ефективна

0
By НОВА ТВ on April 23, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Истражувачи од британскиот Универзитет Оксфорд заедно со научници од африканската држава Буркина Фасо стигнаа до неверојатно откритие: вакцина против маларија која има многу повисока ефективност од сите вакцини до сега откриени против оваа смртоносна болест. Новата вакцина, која се тестираше на група од 450 деца во Буркина Фасо, покажа одлични резултати кога научниците направиле повторна проверка по 12 месеци. Во оваа група вакцината покажала ефикасност од 77% што е многу повисока отколку сите други вакцини кои до сега биле развиени против оваа болест.

На пример, вакцината што беше дистрибуирана како дел од пилот програмата за парцијална имунизација на деца во африканската држава Малави во 2019 покажа само околу 40% ефективност. Исто така сезонската вакцина RTS,S/AS01 која се дава на луѓе кои патуваат до места каде има маларија има слични нивоа на ниска ефикасност: три дози, заедно со засилувач, имаат скромна ефикасност од околу 36% кај деца (возраст од 5-17 месеци) и околу 26% кај доенчиња (возраст од 6-12 недели) против клиничка маларија за време на 48-месечно следење.

Маларијата е многу сериозна заразна болест која се пренесува преку комарци и е најмногу застапена во тропски региони како суб-сахарска Африка, Азија и Латинска Америка. Од маларија може да се заразат и луѓе, но и други животни. Кај луѓето, оваа болест предизвикува симптоми кои обично вклучуваат треска, замор, повраќање и главоболки, а во тешки случаи, може да предизвика жолта кожа, напади на мозокот, кома или смрт.

На годишно ниво, маларијата убива околу 400,000 луѓе, од кои најмногу се деца кои живеат во суб-сахарските држави во Африка. Токму заради оваа висока смртност, како и трагичноста на фактот дека возрасната група кај која има оваа болест има највисока смртност се децата, е всушност многу возбудливо што новата вакцина има волку ветувачки резултати. Светската здравствена организација, како и некои приватни донатори – имено милијардерот Бил Гејц и неговата сопруга Мелинда Гејц – долго време се залагаат за искоренувањето на оваа болест, но до сега имале лимитирани резултати.

Директор на институтот Jенер и професор по вакцинологија на Универзитетот во Оксфорд, д-р Адриан Хил, кој е дел од тимот кој ја развива новата вакцина, објаснува дека развојот на вакцината против маларија траеше многу подолго бидејќи маларијата има илјадници гени во споредба со околу десетина различни гени во Корона вирусот и затоа е потребен е многу висок имунолошки одговор за борба против оваа болест.

Наскоро ќе се извршат поголеми испитувања на скоро 5.000 деца на возраст од пет месеци до три години низ четири африкански земји, за да се потврдат иницијаните наодите на тимот на д-р Хил.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.