Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отпорот продолжува се додека нема договор за избори

0
By Нова ТВ on February 9, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 9, 2013 19:28


Отпорот ќе продолжи се додека Владата на Груевски ја гази демократијата и додека не се постигне договор да се одржат и предвремени парламентарни избори.

Ова е пораката од сите поголеми градови низ Македонија, каде здружената опозиција организираше Караван на отпорот.

Од Штип, Битола, Прилеп и од другите градови беше порачано дека опозицијата нема да излезе на локалните избори на 24 март, доколку не се организираат и парламентарни избори.

„Како можеа на Македонија да и го приредат овој срам? Како можеа по пратеници избрани од граѓаните да удрат со клоци и со тупаници? Кога го избркаа Саве (пратеникот на СДСМ од Гевгелија), тие не удрија само по него. Тие од салата на Собранието избркаа 7.200 гевгеличани… Кога од оваа сала ги избркаа новинарите, десетина минути пред да удрат по пратениците, тие покажаа оти и самите се свесни оти тоа што го прават е криминал – рече Радмила Шеќеринска вечерва пред гевгеличани.

– Куманово и кумановци не се навикнати да ја виткаат кичмата пред ваков ненароден режим. Ние застануваме на страната на правдата и слободата, онака како што му доликува на Куманово, онака како што градот го правел тоа во секој клучен момент за Република Македонија – рече пратеникот Оливер Спасовски, кој заедно со градоначалникот Зоран Дамјановски им се обрати на поддржувачите.

Кандидатот за градоначалник на Шип, Здравко Коцев, рече дека причните за Отпорот се јасни.

– Оваа власт може сè да направи, освен да работи за доброто на народот – истакна тој.

Неговата колешка, пратеничката од опозцијата, Билјана Казанџиска, пак, рече дека претставниците на опозицијата од Штип се постојано меѓу народот и граѓаните и додаде дека ќе се оди до крај.

– Опозицијата во Битола е единствена и сплотена и нема отстапување – одиме до крај. Бараме предвремени парламентарни избори, заедно со локалните, во целосно демократски и фер амбиент. Во спротивно, на 24 март на избори не излегуваме, а целосната одговорност за продлабочување на политичката криза ќе оди на конто на власта – рече на крајот лидерот на социјалдемократите во Битола, Васко Ковачевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германски медиумски гигант го купи британскиот „Дејли Телеграф“ за 664 милиони евра

March 7, 2026

Трамп: Куба наскоро ќе падне

March 6, 2026

Со „Прогресивна Бугарија“ Румен Радев во април ќе трча за премиер

March 3, 2026

Србија врати 200 свои граѓани од Дубаи

March 3, 2026

Црногорската полиција го уапси братот на Мило Ѓукановиќ, Ацо

February 28, 2026
ФОКУС
March 7, 2026

Трендафилов: Ние ќе се бориме за вашите плати ама мора да почнете да се бпорите и вие

ВЕСТИ March 7, 2026

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави голем работнички протест кој ќе се одржи на…

„Пет до дванаесет“ помина – Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) оди на протест на 14-ти март

March 6, 2026

По пет убиени жени само во една година, Тошковски ќе прави систем што ќе ги штити жртвите 24/7!

March 6, 2026

Техеран во пламен

March 6, 2026
ТИКЕР

Германски медиумски гигант го купи британскиот „Дејли Телеграф“ за 664 милиони евра

March 7, 2026

Трамп: Куба наскоро ќе падне

March 6, 2026

Со „Прогресивна Бугарија“ Румен Радев во април ќе трча за премиер

March 3, 2026

Србија врати 200 свои граѓани од Дубаи

March 3, 2026

Црногорската полиција го уапси братот на Мило Ѓукановиќ, Ацо

February 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.