Највисокото раководство на Сојузот на борците изрази разочараност од игнорантскиот однос на власта после ифрлувањето од просториите и обидот за газење на историјата и нивниот придонес во остварување на соништата на македонскиот народ во добивање своја држава.

– Може да се заклучи дека отпорот станува сенародно движење за враќање на демократија и слобода во земјата“, се вели во соопштение по денешната средба на Сојузот на борците од НОБ и членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јани Макрадули.

По договорот за заедничка соработка, борците препорачаа да се води сметка за целите на протестите на отпорот кои не смеат да бидат само цели за промена на власта туку и борба за враќање на стандардите и цивилизациските придобивки кои се вредност за сите вискоразвиени и интегррирани демократски држави, во чие семејство Република Македонија цели да стане полноправен член.