Поранешниот градоначалник на општина Гостивар, Руфи Османи и неговата НДП, денеска организираа протести во Гостивар. Обвинија дека сегашната локална власт политички се пресметува со директорите на повеќе институции
Протестираа против политичкиот реваншизам, делењето откази и екстремната политизација на образованието – овие пораки ги изнесоа на денешниот протест, сменетите директори, наставници и административци кои добиле откази, го искажаа револтот кон актуелниот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта. Обвинуваат и за деградирање на работните места, на политичките неистомисленици.
Бејта ги отфрли обинувањата, тврдејќи дека ништо не правел незаконски. За промените, задржувајќи се само на образованието, рече дека биле нормална работа секаде во светот.
Во НДП обвинуваат дека партиската чистка ќе продолжела. Досега околу 300 лица, вработени со договор на дело, добиле откази.