Клиниката за онкологија и радиотерапија донесе одлука за времено отстранување од работа на професорот којшто беше затекнат заради вршење дополнителна дејност спротивно на Законот, јавува Макфакс.
Како што информираат од Министерството за здравство, упатено е известување до Лекарската комора на Македонија да поведе постапка за одземање на лиценцата за работа на професорот, кој при инспекцискиот надзор беше затекнат во вршење дополнителна дејност спротивно на Законот.