Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Отворен Балкан“ се договори заеднички да ги промовира туристичките атракции и убавите езера и мориња

0
By Mirjana on June 8, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи на денешната пленарна сесија „Отворен Балкан отвора туризам“, во рамки на Самитот на „Отворен Балкан“ говореше за придобивките од регионалната соработка во туризмот во заедничкиот развој и за иднината на регионот.

„Поврзувањето на нашите економии, создавањето на заеднички регионален пазар од преку 10 милиони жители е една од причините за создавање на иницијативата „Отворен Балкан“ која го поттикнува економскиот раст, овозможува слободно движење на луѓе меѓу државите истовремено поддржувајќи го и унапредувајќи го туризмот“, рече вицепремиерот Битиќи.

Тој истакна дека изминативе неколку години за компаниите од Северна Македонија, Албанија и Србија се отстранети административните бариери за извезување на производите, за вадење на работни дозволи и регистрирање на подолг престој и дека сега е време да се направи напредок и во соработката во туризмот.

„Да ја отвориме соработката за споделување на искуствата, за можностите, за напредокот и развој на туризмот на Западен Балкан со својата единственост како додадена вредност за развој и иднина на нашиот регион“, посочи вицепремиерот Битиќи на денешната пленарната сесија „Отворен Балкан отвора туризам“, во рамки на Самитот на „Отворен Балкан“.

Министерот Бектеши истакна дека туризмот, иако е еден од најбрзорастечките економски сектори во нашата држава, располага со големи можности за привлекување на странски и домашни инвестиции и можност за отворање нови работни места.

„Иницијативата „Отворен Балкан, покажа во овие тешки моменти на економијата дека како никогаш досега Република Северна Македонија, Албанија и Србија ги надминаа сите очекувања во делот на соработката и меѓусебната помош и поддршка“, рече Бектеши.

Тој подвлече дека конкретните договори и надминувања на бирократските препреки ги отвораат границите и одликите на секој град ги прави достапни за граѓаните.

Тој додаде дека и потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу трите земји е во насока на зајакнување на економската соработка во делот на туризмот, при што компаниите и граѓаните на земјите од регионот ќе добијат олеснети услови за движење, работа и трговија по примерот на европските земји.

Мирела Кумбаро – Фурчи, министерката за туризам и животна средина на Албанија осврнувајќи се на важноста на туризмот, како еден од најдобрите катализатори за комуникација и интеракција меѓу луѓето и земјите, подвлече дела овој сектор не познава географски или историски граници и ерата во која живееме припаѓа на оваа голема индустрија.
Таа истакна дека земјите лидери на „Отворен Балкан“ преку Меморандумот за разбирање во областа на туризмот се фокусираат на зголемување и подобрување на комуникацијата и преземање на конкретни активности  за искористување на регионалниот туризам.

Таа тука посочи дека со подобрувањето на воздушната и копнената инфраструктура, поврзувајќи ја Тирана со Скопје, Приштина, Подгорица, Белград, Сараево и обратно, регионалните дестинации стануваат лесно достапни како викенд дестинации.

Според албанската министерка за туризам и животна средина, овој документ го отвора патот за претставување на земјите во заеднички платформи за промоција, еднакво важно за институциите и приватниот сектор.

Министерката Матиќ, истакна дека земјите од регионот се залагаат за носење решенија, кои носат брз развој и напредок, отворајќи и можност за поефикасен пат до Европската Унија.

Таа подвлече дека токму туризмот е првата практична скала за зацврстување на соработката, како посебно перспективна стопанска гранка во која се отвораат работните можности.

Српската министерка за трговија, туризам и телекомуникации подвлече дека со денеска потпишаниот Меморандумот за разбирање и соработка во областа на туризмот, се отвора ново поглавје во туристичката историја на регионот и се очекуваат позитивни резултати кои ќе донесат огромен развој на оваа гранка.

Во рамки на оваа пленарна сесија со свои дискусии и видувања учествуваа и претставниците на стопанските комори на трите држави, Зоран Јовановски, потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија, Ненад Ѓурѓевиќ, советник на претседателот на Стопанската комора на Србија и Инес Мукостепа, претседател на Унијата на трговско-индустриските комори на Албанија, кои разговараа за интензивирање на соработката преку утврдување заедничка понуда кон светските пазари, што ќе го промовира „Отворен Балкан” како атрактивна дестинација.

Во фокусот на нивните обраќања беа пораките дека со здружени регионални понуди во земјите од оваа иницијатива може да се донесат туристи кои инаку не би дошле во одделните земји од регионот.

Во дискусијата на претставниците од стопанските комори, беше заклучено дека реалниот потенцијал на регионот, археолошките и природни богатства, винскиот туризам, угостителството отвораат можности да се оствари потенцијалот за остварување на Отворен Балкан отвора туризам.

Беше поздравено денешното потпишување на Меморандумот за соработка во областа на туризмот во Западен Балкан, со што како што беше потенцирано ќе се даде дополнителна институционална поддршка и можности за поврзување и зголемување на туристичката понуда на земјите од регионот.
Отворен Балкан отвора туризам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.