Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворен повик од Британска амбасада за привремен работен престој во В.Британија

0
By Нова ТВ on January 22, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 22, 2014 11:44

Британската амбасада во Скопје им нуди можност на сите ентузијасти да ги надополнат своите способности и знаење, работејќи во релевантни институции и организации во Велика Британија.

Повикот е наменет за медиумските работници, активистите за човекови права и социјални работници, истражувачи или аналитичари кои веруваат дека ќе имаат бенефит од работењето во институциите во Британија.

Престојот е определен од 2 до 4 недели, во институција или организација каде што ќе се работи на истражување или стекнување знаење.

Области во кои може да се аплицира за стипендија се: „инклузија и различности во општеството“, „човекови права (вклучувајќи ја слободата на изразување и слободата на медиумите)“, „граѓанско општество, лобирање, граѓански активизам и развој на политиката“, и „развој и влијание на јавните политики преку граѓанското општество и медиумите“.

– Заинтересираните треба да испратат CV (не подолго од три страни) со кратка содржина за областа на дејствување, инволвираност во проекти, објавени текстови, активизам и слично.

– Кратка содржина за целта и активностите за вашето аплицирање во Велика Британија (не подолго од две страни)

– Краток расказ за тоа како ќе се употреби стекнатото искуство по враќањето во Македонија.

Британската амбасада не го обезбедува „вработувањето“, апликантите се одговорни за тоа, наоѓајќи организација базирана во Велика Британија која ќе достави пишана потврда заедно со апликацијата.

Надоместокот од стипендијата ги покрива визата, сместувањето, повратен тикет до Британија и фиксна сума за оброци и транспорт за време на престојот.

Повикот е достапен само за индивидуалците кои работат во Македонија.

Заинтересираните својата апликација ја праќаат со назнака „Diversity Fellowship Application“ до BESkopje.ProjectsOffice@fco.gov.uk

Рокот за пријавување трае до 31.јануари 2014 година, а одбраните апликанти ќе бидат повикани на интервју во Британската амбасада во Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.