Во целосно реновиран и комплетно опремен простор денеска е отворен првиот специјализиран Детски ургентен центар во Македонија, сместен во Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.

Средствата за реконструкцијата и адаптацијата на просториите во Клиниката беа собрани во рамки на Националната донаторска кампања под мотото „Да помогнеме навреме“, а беше спроведена под покровителство на сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова. Ургентниот центар е изграден со поддршка на Турската меѓународна агенција за соработка и развој-ТИКА, а дополнителните донации ќе се искористат за доопремување на Ургентниот центар и новите амбуланти.