Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА и Град Скопје свечено го отворија Првиот семеен центар на Град Скопје.
Центарот претставува прво специјализирано советувалиште во Македонија кое
нуди психосоцијална поддршка и третман на семејства кои се во конфликтни односи,
во кои акутно се врши насилство или пак во изминатиот период постоело семејно
насилство.
Според националното истражување за семејно насилство повеќе од една
третина (36,8%) од македонските граѓани искусиле некаква форма на психолошко
насилство. Најголемата зачестеност, дури 80%, се бележи кај жените жртви кои се
невработени. Во град Скопје постои едно засолниште за згрижување само на жртвите
на семејното насилство и три транзитни центри за сместување на жртвите до 48 часа и
едно Советувалиште за работа со сторители на семејно насилство.
Иновативноста на Првиот семеен центар на Град Скопје се состои во тоа што, на
едно место, ќе се нудат услуги за психосоцијална поддршка и третман на сите
засегнати страни, на жртвите (жени и деца) и сторителите на семејно насилство.
Услугите ги нуди професионален тим од психотерапевти кој низ психосоцијален
третман базиран врз соодветна техника на психотераписка работа ги зајакнува
поединечно сите членови од семејството.
Центарот е наменет за секој којшто чувствува дека во неговото семејство
постои ризик од насилство, бил жртва или сторител на насилство во рамките на
семејството. Корисници на центарот можат да бидат и лица препратени од Центар за
социјална работа и Здруженија на граѓани кои работат на семејно насилство
Отворањето на центарот е во согласност со Националната стратегија за
спречување и заштита од семејно насилство (2012-2015) каде се предлага холистички
пристап кон заштитата, помошта и поддршката на жртвите, а освен тоа ги следи и
насоките на Локалната стратегија за родова еднаквост на Град Скопје во која посебен
акцент се става на јакнењето на положбата на жената и подобрување на пристапот до социјални сервиси со цел намалување на бројот на жени – жртви на семејното
насилство.
Програмата ја спроведува Центарот за институционален развој ЦИРа и е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, претставувана од Канцеларијата за соработка во Македонија социјални сервиси со цел намалување на бројот на жени – жртви на семејното насилство.
Овој проект се реализира во рамки на проектот Прв семеен центар во Град
Скопје како дел од Програмата CIVICA Mobilitas 2012 која се спроведува од страна на
Центарот за институционален развој – ЦИРа, финансиски поддржана од Швајцарската
агенција за развој и соработка.



