Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворена нова, современа Педијатриска болница на „Аџибадем Систина“

0
By Нова ТВ on September 1, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хоспитален оддел, поликлинички педијатриски и неонатален оддел и 24/7 ургентен центар со три интензивни неги – неонатална, кардиохируршка детска и педијатриска се дел од новата најсовремена Педијатриска болница, која се наоѓа во комплексот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Новата Педијатриска болница, која е единствена од ваков тип во регионот, е распространета на површина од 4.000 квадратни метри и содржи и педијатриски ургентен центар, педијатриска кардиохирургија со интензивна нега и интервентна педијатриска кардиологија, дневна болница, Центар за рано откривање и третман на деца со сите форми на развојно доцнење.

Во болницата се вклучени 210 врвни професионалци. Во целата Педијатриска болница се вметнати и едукативни и содржини од забавен карактер со што се овозможува едно дополнително искуство при посетата и престојот на децата.

– Денеска сме тука да го одбележиме проширувањето на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со отворање на новата Педијатриска болница. Болницата ги содржи сите педијатриски супспецијалности и е достапна за сите пациенти, како амбулантски така и хоспитални, а овозможува и изведување и на најкомплицираните педијатриски интервенции и кардиохируршки операции кај деца. Нашата цел е да ги унапредиме услугите за пациентите на Македонија и на регионот.

Проширувањето се однесува на 4.000 метри квадратни но нашите планови не запираат туку, продолжуваме да растеме и да се развиваме согласно со потребите на пациентите во Македонија и целиот регион, изјави Ѓун Ѓунсој, главен извршен директор на „Аџибадем Систина“

Поликлиничкиот дел располага со 14 педијатриски и 4 неонатални амбуланти со што на едно место овозможува комплетна грижа за детското здравје. За децата се грижат 36 врвни и искусни педијатри – супспецијалисти по детска кардиохирургија, детска кардиологија, детска ревматологија, детска пулмоалергологија, детска неврологија, детска нефрологија, детска хемато-онкологија.

Во рамки на болницата има и развојна педијатрија, ортопедија, стоматологија со анестезија, гастроентерохепатологија. Ќе функционира и специјална детска едукација, детска офталмологија, детска анестезиологија, детска дерматологија, детска радиологија, детска оториноларингологија, детска диетологија и нутриција.

Од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ информираат дека новата Педијатриска болница има капацитети за изведување на секаков вид хируршки зафати кај децата – детска кардиохирургија и детска хирургија.

Во детскиот кардиохируршки дел ќе бидат опфатени хирургија на новородено и помало дете, детска дигестивна хирургија, детска урологија и детска реконструктивна урологија, детска траума, детска торакална хирургија, детска онколошка хирургија, детска пластична хирургија, детска неврохирургија, хирургија на уво, нос и грло кај дете и детска ортопедија.

– Денеска ја промовираме новата и најсовремена Педијатриска болница којашто овозможува мултидисциплинарен пристап во решавањето на здравствените проблеми кај децата, односно една интегрална грижа за здравјето на секое дете. Ова педијатриска болница е единствена од ваков вид во нашата земја и овозможува згрижување на деца од 0 до 16 години од сите области на педијатријата, рече шефот на педијатрија д-р Душко Фидановски.

Поликлиниката располага и со 10 дијагностички амбуланти и тоа кабинет за ехосонографија, спирометрија, кабинет за пулмо-алергологија, EMG-кабинет, EEG-кабинет. Функционира и кабинет за детска бронхоскопија со анестезија, кабинет за дијагностика на болести на крвта (цитоморфолошка анализа на периферна размаска, биопсија на коскена срцевина со цитоморфолошка анализа, дијагностика на малигни заболувања на крвта и солидни тумори, кабинет за инванзивни дијагностички процедури, ендоскопски иследувања, кабинет за детска гастроскопија и кабинет за детска колоноскопија со анестезија, биопсија на органи, радиолошка и имиџинг дијагностика, PET – CT, MRI 3 Tesla, MRI 1,5 Tesla, CT 128 SLICE, дигитален X-RAY со можност за детска анестезија, како и сала за катетеризација за изведување кардиолошки процедури кај деца.

Во склоп на Педијатриската болница, функцонира и педијатриски стационар со 16 болнички еднокреветни соби, од кои две ВИП-соби и една изолација со негативен притисок. Неонаталниот стационар, пак, располага со 27 неонатални кревети по принципот мајка-дете (rooming in).

Медицинскиот тим го сочинуваат и 80 медицински сестри, 36 болничари и друг дополнителен помошен персонал. Педијатриската болница, велат од „Ацибадем Систина“, по бројот на персонал, услугите и третманот кои ги нуди за децата, заедно со врвниот кадар на реномирани доктори, како и најнапредната технологија и апаратура со која е опремена го добива приматот на единствена и најсовремена педијатриска болница од ваков тип во земјата и регионот

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
ФОКУС

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

ВЕСТИ October 9, 2025

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, што се одржува во Скопјe од 8 до…

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

October 8, 2025

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.