Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворени сите избирачки места во Црна Гора

0
By Нова ТВ on August 30, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Избирачките места за парламентарните избори во Црна Гора и локалните избори во Будва, Котор, Тиват, Андријевица и Гусиње беа отворени утрово во 7 часот, а граѓаните ќе гласаат до 20 часот.

Право на глас во Црна Гора имаат 540.026 граѓани кои гласаат на 1.217 избирачки места.

Денешните парламентарни избори се единаесетти по воведувањето на повеќепартискиот систем во Црна Гора и петти по враќањето на независноста.

На парламентарните избори учествуваат шест коалиции и пет политички партии.

Парламентарните избори ќе ги следат 2.089 набљудувачи, од кои 265 се странски.

Претседателот на црногорската Државна изборна комисија (ДИК) Алекса Ивановиќ на правата прес-конференција соопшти дека гласањето почнало на речиси сите избирачки места во 7 часот, освен на едно место, каде почнало подоцна и таму гласањето, според правилата, ќе биде продолжено.

Тој исто така изјави дека на неколку избирачки места сепојавил проблем со уредот за електронска идентификација, кои, како што рече, се решаваат во соработка со Министерството за внатрешни работи, а додека не се најде решение се врши визуелна идентификација.

Во меѓувреме, Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Подгорица ги предупреди граѓаните на САД во Црна Гора за можноста за масовни собири.

– Црна Гора ќе одржи државни парламентарни избори во недела, 30 август 2020 година. Имајте ја на ум можноста за голем број луѓе и собири и оти мирните демонстрации можат да станат насилни. Глобалната пандемија на Ковид-19 создава дополнителни безбедносни проблеми, соопшти вчера Амбасадата на САД.

Од оваа дипломатска мисија им препорачуваат на своите граѓани да избегнуваат демонстрации, да внимаваат ако неочекувано сенајдат во близина на собир на голем број луѓе или протести, да ги следат најавите во локалните медиуми, да бидат незабележливи, да носат маски на отворено и да одржуваат растојание за да избегнат зараза.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
ФОКУС

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

ВЕСТИ October 9, 2025

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека синоќа е постигнат „историски успех“ на Блискиот…

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

October 9, 2025

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

October 8, 2025

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.