Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворено писмо до поглаварот на ИВЗ

0
By Нова ТВ on May 13, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 13, 2013 11:32

Уважен Реису-л-улема хаџи Сулејман ефендија Реџепи,

на почетокот од ова обраќање Ви ги упатуваме нашите искрени желби за Ваше крепко здравје.

Во продолжение допуштете да Ве известиме дека, со должно внимание, ги проследивме Вашето соопштение и одлуката да ја бојкотирате конференцијата „Слободата и достоинството во меѓучовечките, меѓурелигиозните и меѓукултурните вредности“, одржана минатата седмица во Скопје, во организација на домашните власти, притоа истовремено апелирајќи до сите исламски заедници да го бојкотираат посочениот собир. Имајќи предвид дека, согласно на Вашите верски убедувања, се грижите за општото добро, во оваа прилика, би сакале да предочиме дека Вашата гореспомената одлука ја очекувавме години наназад. Се разбира, ние не чувствуваме радост заради Вашата одлука, но без сомнеж, не е за игнорирање Вашиот став дека „државната политика произведува дискриминација и флагрантно кршење на верските права!“ Следствено, Вашата одлука е одраз на атмосферата којашто ги засега верските слободи во нашата земја, атмосфера која во значителен дел, сосема очебијно, е загадена.

Уважен Реису-л-улема,

ние, со години укажуваме дека во Р. Македонија се прави привид на постоење на верски слободи! Зошто го велиме тоа? Одговорот е едноставен: за каква слобода, за какво достоинство може да стане збор, кога врз Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, во последниве десет години, властите спроведуваат тортура само заради неговата верска припадност, а во последно време, политички мотивираниот прогон се проширува и на останати Епископи, монаштво и верници на Православната Охридска Архиепископија! Кој ли друг, утре ќе дојде на ред?! Изразите, пак, „тортура“, „прогон“, се составен дел на, не мал број, релевантни меѓународни извештаи, кога е во прашање непочитувањето на човековите права и верските слободи во Р. Македонија!

Следствено, нема да Ви сокриеме дека очекувавме од Вас да добиеме поддршка во прилог на почитувањето на верските слободи на Православната Охридска Архиепископија, а особено ја очекувавме Вашата поддршка за неправедно затворениот Архиепископ охридски г.г. Јован, бивајќи уверени дека таквата поддршка воопшто не се коси со Вашата вера да му се помогне на оној што неправедно страда! Дозволете, сосема накусо да Ве информираме дека таков апел за прекин на државниот прогон врз верска основа насочен кон Архиепископот охридски г.г. Јован и Православната Охридска Архиепископија, имаат искажано мноштво верски лидери.

Колку што, до сега, можевме да забележиме, тогаш кога Ви беше неопходно, Вие ја подржувавте единствено владино спонзорираната, сеправославно непризната МПЦ, којашто е во раскол со останатите помесни, канонски православни Цркви, со коишто, пак, Исламската верска заедница на светско ниво води дијалог за прашањата од заеднички интерес! Претпоставуваме дека во одредена мерка таа поддршка ја упатувавте токму и заради закрилата, којашто МПЦ ја ужива од страна на Владата на Р. Македонија.

Уважен Реису-л-улема,

никој нема право, со речник карактеристичен за еднопартиските општества, да Ви се нафрла со тврдење дека со Вашите барања го нарушувате угледот на државата; државниот апарат самиот си го нарушува угледот со непочитувањето на верските слободи на сите граѓани подеднакво! Вам, сигурно Ви е познато дека оваа година светот го слави јубилејот: 1700 години од Миланскиот Едикт, со којшто светиот цар Константин ги сопре прогоните врз верска основа. Во текстот на Едиктот, помеѓу другото запишано е и следново: „заради интересите на царството и неговата сигурност, како и заради тоа што се однесуваше на благосостојбата на државата, мислевме дека од сите нешта, најголема добробит за луѓето е – на сите да им дозволиме да ја исповедаат својата вера… и ниту на Христијаните, ниту на било која друга вера да не им ја оспориме слободата на вероисповед… под услов да се почитуваат и туѓите религиски убедувања.“ Така, отсуството на прогон врз верска основа со векови е одлика на напредните општества, но сѐ уште претставува крупен залак за нашата млада демократија! Се разбира, за пофалба е тоа што државата се труди, но таа ќе биде, и треба да биде победник, само тогаш кога ќе ги почитува и поттикнува верските слободи, не селективно, туку на сите граѓани! Имајќи го предвид реченово, споменатата Ваша одлука, конечно, претставува поттик за промените, кои неопходно претстојат во однос на дејствителното, а не само на декларативното почитување на верските слободи. Вашиот став, на мислечките луѓе им влева надеж дека во иднина, со различен и веруваме поточен однос, ќе ги следите состојбите не само во однос на верските слободи општо, туку и поконкретно во однос на загрозените верски слободи на Православната Охридска Архиепископија, којашто овие денови повторно е подложена на судски прогон, само затоа што самата е составен дел од, ширум светот, признатото Православие, само затоа што е нераскинлив дел од соборната Црква, којашто властите во нашата татковина, за жал, засега ја оспоруваат и не ја признаваат.

Уважен Реису-л-улема хаџи Сулејман ефендија Реџепи,

завршувајќи го ова обраќање, Ви ја изразуваме нашата почит.

Викар на Архиепископот охридски г.г. Јован,

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

ВЕСТИ June 27, 2026

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што ја…

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.