Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворено писмо на Стојанче Ангелов до Никола Груевски

0
By Нова ТВ on March 4, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 4, 2013 11:04

Отворено писмо на лидерот на Достоинтсво Стојанче Ангелов до премиерот Никола Груевски.

Премиеру Никола.

Како прво, јас не сум “наречен Стојанче“ туку Стојанче е моето крстено име од раѓање до ден денес. Инаку, повеќето македонски граѓани ме знаат како “Генерал Стојанче Ангелов“ и ми се обраќаат со “Генерал“ или “Генерале“ па би било убаво кога во иднина, и Вие, би ми се обраќале со “Генерале“ или кога ќе зборувате за мене, да ме нарекувате “Генералот“ или “Генералот Стојанче“, кога веќе толку Ви е мерак заедно со вашиот д-р Латас, да ми се обраќате со моето родено име Стојанче, мислејки дека на тој начин ќе ме минимизирате, односно ќе ме направите помал. Изгледа моето име Ви остана единствениот аргумент кога сакате да го намалите мојот авторитет. Колку за илустрација, пред неколку дена, додека го фрлав ѓубрето, еден од неколкуте Роми кои се мотаа околу контејнерот, почна да вика по мене: Генерале, Генерале, каде да се потпишеме за референдумот? Но тоа се сепак само гладни и полуписмени Роми. Најверојатно не знаеја дека се викам Стојанче. Затоа и ми се обратија со “Генерале“. Вие сте друго. Вие сте Премиер. Вие знаете дека јас сум Стојанче. И уживате во тоа.

Премиеру Никола.

Во мојот живот сум работел многу дискретни работи кои останале тајна дури и за моите најблиски соработници. Посебно во периодот додека работев во специјалната полициска единица Тигар. Понекогаш, дури ниту ние, кои учествувавме во самите борбени акции, не знаевме каде се и што прават останатите наши тимови. Сме извршувале специјални полициски и воени операции во маскирни униформи на специјалната полиција, во плави униформи на регуларната полиција, сме работеле и во цивилна облека но сме работеле и во маскирни униформи на УЧК. Имам работено работи кои Вие и вашето опкружување можеби сте ги гледале, но само на филм.

По завршената работа молчевме. Молчевме и молчиме до денес. Ќе молчиме се додека сме живи со мала можност, некои од нас, а можеби и јас, на стари години, да напишеме некој мемоар. Се разбира доколку доживееме старост, нешто во што јас најискрено се сомневам.

Премиеру Никола.

Во мојот живот јас научив да чувам тајни. Без притоа тоа да ми смета или оптоварува. Ги чував тајните дури и кога можеби не требаше. Но кога денес го слушнав вашиот детски говор во Универзалната сала, детски говор во кој меѓу другото рековте дека на Бранко му помага “платеник за ситни пари наречен Стојанче“ едноставно не можев да оддолеам на желбата да споделам една партиска тајна на “Достоинство“ со македонската јавност. Бидејки вие сте тој кој прв го прекрши непишаниот договор за дискреција кој ние премолчано го постигнавме со вашиот човек. Партиска тајна за која веднаш го известивме раководството на нашите коалициони партнери. Партиска тајна поради која нашите коалициони партнери имаат неограничена доверба во нас.

Премиеру Никола.

Кажете и на македонската јавност колкава беше вашата последна понуда од пред неколку дена, понуда која ми ја дадовте на 28.02.2013 година, денот пред да ја одржите средбата со еврокомесарот Штефан Филе во Македонија, понуда која ми ја дадовте преку еден од вашите најблиски соработници, министер од претходните состави на вашата Влада, кој сепак потекнува од старото ВМРО-ДПМНЕ и кон кого сеуште имам доволно почит за да не го спомнам неговото име. Бидејки, тој и не е виновен. Тој само требаше да биде убедлив посредник, посредник кој повеќе од сигурно се јави по ваша наредба или барем со ваше знаење и дозвола. Кажете ја јавно вашата последна понуда до мене, бидејки во спротивно можеби јас ќе ја кажам. Во мојот мобилен телефон сеуште чувам неколку СМС пораки кои се повеќе од доволен доказ за да се види нечесниот, валкан и гнасен начин на кој вие и вашите најблиски луѓе работите.

Премиеру Никола.

Кажете и за вашата понуда од мај и јуни 2012 година. Кажете за да не кажам јас. Ве разбирам дека сте бесни и фрустрирани бидејки не сте навикнати некој да ве одбие. Но запомнете. Во Македонија има и чесни луѓе, чесни луѓе кои не можете да ги исплашите, чесни луѓе кои не можете да ги купите, чесни луѓе кои не се продаваат како стока, чесни луѓе кои имаат достоинство. За жал, вие не сте навикнати да соработувате со такви луѓе бидејки такви луѓе околу вас најверојатно има многу малку.

Лидер на македонските бранители
Претседател на “Достоинство“
Генерал СТОЈАНЧЕ Ангелов

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.