Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОУ „Блаже Конески“ од Аеродром, ќе добие десетици нови училници

0
By Соња Крамарска on June 22, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ОУ „Блаже Конески“ во скопската населба Мичурин наскоро ќе добие современа доградба и проширување на капацитетите, при што ќе се обезбедат десетици нови училници, мала спортска сала и ред други содржини наменети за осовременување на образовниот процес.

Ова денеска го најави градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски кој заедно со директорот на ТИТАН Цементарница „Усје“, Борис Хрисафов извршија увид во комплетно завршената фасада на училишната зграда, која беше реконструирана со средства донирани од оваа компанија.

Станува збор за едно од најстарите основни училишта во Аеродром, кое по неколку децении ќе добие целосно нов лик. Покрај обновената фасада на училишната зграда, стариот дел од ова основно училиште, каде што условите се субстандардни, ќе биде целосно срушен и на негово место ќе се изгради комплетно нов и модерен објект.

Во првата фаза од проектот е планирано да се срушат централниот и источниот блок со вкупно 6 училници и топлата врска со салата и на нивно место да се изградат 12 училници, мала спортска сала, како и топли врски за големата и малата спортска сала. Во втората фаза ќе се урне северниот блок со вкупно 4 училници и на нивно место според планираното решение ќе се добијат 14 училници.

Дополнителни содржини што се предвидени со проектот се: наставнички кабинети – 13 дупли кабинети за по 2 наставника и 3 кабинети за по 1 наставник, нова библиотека, кујна со трпезарија за 60 деца, мултинаменска просторија со бина, лифт, два тоалета за лица со посебни потреби и посебни санитарии за ученици и персонал, неколку хигиеничарски остави, повеќе административни канцеларии, како и 3 училници за дневен престој. (Р.Н.)

аеродром Мичурин нови училници ОУ Блаже Конески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.