Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Ова е рутинска работа“, ми рекоа во болницата Жан Митрев за „бај-пас“ операцијата, а мојот сопруг, по 20 дена во кома, почина

0
By НОВА ТВ Balaban on July 22, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 22, 2022 14:38

Откако мојот сопруг падна во кома по операција на срце, од болницата Жан Митрев ми рекоа да купам лек од 9.000 евра, којшто тие требало да го обезбедат, сведочи семејството Сарагинови.

Ова е рутинска работа, за пет дена, нема простор за плашење, и ми  препорача „бај пас“ операција на срце. Жан Митрев го оперираше мојот сопруг, сведочи Жанета Сарагинова од Велес, сопруга на починатиот Саше, во вториот документарец на ИРЛ. Ова семејство сведочи за тешките денови низ кои поминало по операцијата на срце која била направена во Клиниката Жан Митрев.

Оваа приказна, која беше објавена синоќа, кога излезе и видеото, навестува и финансиска злоупотреба од страна на клиниката „Жан Митрев“, каде се оштетени и пациентите, но и државата односно Фондот за здравство.

По операцијата, Саше не се разбудил, 20 дена тој бил во кома.

„Не можев да го препознаам сопругот во собата, иако стоев до него. Многу настрадал мозокот, како „атомска бомба“ да пукнала. Мојот сопруг 21 ден немаше дијагноза“, раскажува Жанета, која тогаш решила случајот да го пријави во Фондот за здравство и во Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

„Ме повика тогаш д-р Митрев, а јас мислев дека е во врска со лекувањето, но тој беше вознемирен по претставката до Фондот, дека ќе го казнеле 5.000 евра и друго“, сведочи Сарагинова, на која што, според изјавите, од болницата ѝ било сугерирано да купи скап лек, за којшто тврделе дека ФЗОМ ќе ѝ ги врати парите.

„Ми рекоа да купам имуноглобулини коишто ги платив 513.000 денари (околу 9.000 евра), но коишто потоа не беа наведени во отпусното писмо, а без тоа не можев да барам рефундација на овие средства во Фондот за здравство“, раскажува Сарагинова.

За овој случај се уште нема епилог во Фондот за здравство, каде утврдиле дека, според договорот за работа со Фондот за здравство, болницата требало да го обезбеди лекот, бидејќи е должна да ги сноси трошоците поврзани со компликациите при операција.

Преку случајот со семејството Сарагинови, според тврдењата во сторијата, од ИРЛ тврдат дека вакви злоупотреби од страна на оваа болница се случувале со години наназад.

„Само во 2019 и 2020 година откриени се 113 случаи на лажно фактурирање на поскапи операции од реално извршените“, целта била од Фондот да се наплатат повеќе пари од потрошените, се наведува во сторијата.

Вечерва ќе се емитува нова епизода од серијалот на ИРЛ во која ќе можеме да ги видиме изјавите на министерот за здравство Беким Сали, како и на директорката на Фондот за здравство Магдалена Филиповска Грашкоска, а во врска со злоупотребите и одливот на стотици милиони евра пари во приватните клиники од буџетот на Фондот за здравство.

Инаку, како што веќе објавивме, веќе пет дена трае предистражната постапка на ОЈО за случајот со клиниката Жан Митрев, каде според новинарската истражувачка сторија за лекување на заболени од ковид-19 се применувала методата на хемофилтрација и тоа, како што се тврди, без одобрение од надлежните институции. Но се уште не се обелоденува дали ќе биде покрената и истрага за овој случај, којшто покрена голем интерес и отвори многу прашања во јавноста.

„Предметот е во фаза на предистражна постапка и интензивно се преземаат дејствија, но за да не се наштети на постапката обвинителството не е во можност да сподели повеќе детали во моментов“, соопштија за НоваТВ од Основното јавно обвинителство.

Жанета Сарагинова клиника Жан Митрев операција на срце сведочи серијалот на ИРЛ Фондот за здравство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.