Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Овчарите утре ќе протестираат пред Министерството за земјоделство

0
By Нова ТВ on December 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 19, 2018 15:24

Одгледувачите на овци од Македонија за утре најавуваат мирен протест пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство поради, како што велат, алармантната состојба во овчарството.

Тие бараат средба со ресорниот министер Љупчо Николовски на која е добро, нагласуваат, да присуствува и премиерот Зоран Заев. Се жалат дека се дојдени на работ од егзистенција зашто секоја година се соочуваат со 2.000 – 5.000 евра загуба поради ниската цена на јагнето.

-Одлучивме да реагираме со протест за да видат дека постоиме. И претходната и оваа власт нема слух за овчарите. Сакаме уште еднаш да укажеме дека откупната цена на јагнето е пониска од производната, а минимални се и субвенциите за плодна овца и оставено женско јагне. Тоа сакаме да му го соопштиме директно на министерот Николовски, а бараме ако е можно, да присуствува и премиерот Заев, истакнува еден од одгледувачите на овци за МИА.

Овчарите досега имале неколку состаноци со Николовски на кои присуствувале и директорот на Платежната агенција Николче Бабовски, како и директорот на Јавното претпријатие за пасишта Љуљзим Фејзулаи. Ги искажале проблемите со кои се соочуваат, но од надлежните, кои ги ислушале, не добиле конкретен одговор.

-Имавме повеќе средби. Последната беше минатиот месец во Берово. Министерот беше присутен, беа и Бабовски и Фејзулаи. Ги сослушаа нашите барања: покачување на субвенциите за оставено женско јагне и за приплод на овца. Но, не добивме конкретен одговор. Ставот им беше неутрален. Утре, со протестот, всушност ќе упатиме молба повторно да разговараме и да најдеме заедничко решение за да го спасиме овчарството, велат сточарите.

Додаваат и дека се многу револтирани од начинот на работење на Министерството, и од ова на сегашната, но и од тоа на претходната власт.

Во врска со фондот овци во земјата, ја демантираат бројката од 700.000 – 750.000 овци која, нагласуваат, се пласира во јавноста. – Таа бројка не е точна. Во Македонија има максимум 450.000 овци. И не само што е преполовен бројот, туку постојат и фантом овци, а тоа значи дека некој зема субвенции, а нема грла, посочуваат овчарите и додаваат дека причината за тоа е немањето соодветна комуникација меѓу МЗШВ, АХВ и Платежната агенција.

Според нив, смешно е зголемувањето на субвенциите за оставено женско јагне, од 1.000 на 1.100 денари. Цената, пак, на јагнето е многу ниска, под производната, и овој проблем се провлекува со години.

-Производна цена е 165 денари за килограм жива мера, а продажна 120 – 140 денари, информираат производителите.

Утрешниот протест го поддржуваат Националното здружение на овчари, Регионалното здружение на западна Македонија, Земјоделското здружение „Агро центар“ – Велес, „Орлови бари“ – Битола и „Рудо јагне“ – Прилеп.

Овчарите за протестот денеска го информирале Министерството за земјоделство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026
shortcut
ФОКУС
August 13, 2026Updated:August 13, 2026

Халкидики гори: Огнот ги лизна и куќите – Сивири и Фурка евакуирани

ВЕСТИ August 13, 2026

Грчките централни но и локалните власти велат дека мачно но сепак пожарот го имаат под…

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

August 12, 2026

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026
ТИКЕР

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.