Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пациент нападнал лекарка на скопските клиники

0
By Менче Атанасова Точи on July 10, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 10, 2013 13:06

Пациент нападнал докторка на скопските клиники. Како што дознава НОВА ноќеска насилен пациент ја нападнал дежурната лекарка на Клиниката за гастроентерохепатологија.

Станува збор за млад човек од населбата Ѓорче Петров, чиј идентитет е познат на полицијата. Тој на клиниката дошол заедно со неговата сестра, без упат со усна сугестија од Ургентниот центар да се јави на гастро бидејќи повраќал.

Лекарката го примила и го прашала дали ги поминал сите процедурални прегледи преходно, кај матичен лекар и во болницата „8 Септември“ бидејќи тегобите биле од пред 2-3 месеци.

Тогаш пациентот почнал да вика да и се внесува во лице, да ја навредува и турка, а во еден момент кога растревожена неможела да се извлече од ситуацијата и зазвонил телефонот по што таа го вклучила да се јави и побара помош, но пациентот силно ја удрил по раката.
Мобилниот телефон се распарчил на подот, а набргу на помош дошло обезбедувањето. Случајот веднаш е пријавен во полиција, а лекарката се наоѓа на боледување.

НОВА успеа да стапи во контакт со неа. Видно потресена од физичкиот и вербалниот напад лекарката која е позната по својата професионалност, стручност и љубезност кон пациентите речиси и неможеше да зборува. По препорака на психијатар таа ќе остане на боледување.

-Ниту сум насилна, ниту некогаш сум дозволила некој пациент да остане без медицинска помош. На клиниките има нередба од нашите директори доколку медицинскиот персонал е насилен пациентите да пријават. Каде сега јас да пријавам изјави за НОВА лекарката која беше и наградувана за својата работа.

Докторката рече дека случајот ќе го пријави и во Министерството за здравство иако не се надева дека ќе има некаков ефект.

Во последно време зачестија нападите кон медицинскиот персонал од страна на пациентите. Честопати вратите и стаклата на Ургентниот центар се искршени од насилни пациенти.

Неодамна беше нападната медицинската сестра на Клиниката за гинекологија, а минатата година на лекарката од психијатрија пациент и го скрши носот. Лекарите велат дека силно влијание на ваквата состојба има стратегијата во здравството со која пациентите се пренасочувуваат во секунадрно здравство наместо на клиниките поради што пациентите негодуваат, како и незадоволството кон матичните лекари кои се казнуваат доколку издаваат повеќе упати .

Најмногу од се според лекарите има влијание охрабрувањето на пациентите од страна на Министерството да ги пријавуваат лекарите доколку се незадоволни од нив, по што тие си земаат за право да бидат дрски и насилни кон медициснкиот персонал.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.