Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пациенти и лекари се жалат, за министерството проблем нема

0
By Менче Атанасова Точи on September 5, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 5, 2013 18:50

Електронското закажување кај специјалист создаде незадоволство и нервози, како кај пациентите така и кај матичните лекари. Медицинските сестри и лекарите се жалат дека постојано паѓа системот при што не се во можност да закажат преглед, но и кога ќе успеат да влезат во системот пациентот повторно може да извиси, бидејќи се случува кај избраниот специјалист да бидат пополнети сите термини за еден или два месеца порано.

НОВА се обиде да сними изјави од медицинските тимови, но уплашени од последиците не сакаа да зборуваат јавно. Сеапк, зад камерите сите едногласно потврдија дека имаат проблем со електронското упатување кај специјалист. Нашата камера на лице место забележа како изгледа кога неможе да се закаже термин, а пред шалтерите пациетите чекаат нервозни.
Во видеото погледнете ги реакциите на пациентите во една скопска поликлиника.

Од друга страна, во Министерството за здравство денеска се пофалија дека проектот „Мој термин“ е успешен. Од таму новинарите ги бомбардираа со енормно високи бројки за тоа колку електронски упати биле издадени и за колку време, нешто што воопшто не ги интересира ниту лекарите ниту пациентите.

Милан Аризанковски проект- менџер на „Мој термин“на прашањето на НОВА дали знаат дека матичните лекари имаат проблем бидејќи системот паѓа, одговори дека такви проблеми нема.
Во видеото е изјавата на Аризанковски.

Електронскиот систем на упатување не предвидува државни и верски празници, како неработни денови така што овој пропуст создава дополнителни проблеми. Во него не е вклучено ниту лабораторијското издавање на упати.

НОВА стапи во контакт и со лекари од скопските клиники кои потврдија дека секојдневно им доаѓаат пациенти кои се жалат дека матичниот лекар неможе да им закаже термин бидејќи „не им работи комјутерот“, како и специјалисти во одредени поликлиники на кои системот не им фукционирал по десет дена.

На клиниките велат дека поради ваквиот хаос , многу пациентите се откажуваат, не доаѓаат на закажаните прегледи и спас бараат во приватните болници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.