Published: Wednesday, July 15, 2015 01:58
Во куса изјава, еврокомесарот Јоханес Хан на новинарите пред резиденцијата на ЕУ во Црниче, доцна вечерва им соопшти дека “е постигнат договор“ на лидерската средба и дека избори ќе има.
– Имаме договор, потпишан од лидерите, задоволен сум од тоа што се постигна, со ова ќе се отворат вратите на земјата за ЕУ и НАТО-интеграциитe. Треба да сме горди на лидерите, рече Хан.
Иако официјално не се кажува што се зборувало, се дознава дека паднал договор Груевски да си оди од функцијата околу Нова година.
.jpg)
Во меѓувреме на Твитер и европратеникот Ричард Ховит, објави дека е постигнат договор за враќање на опозицијата во Парламентот, за воспоставување нова влада и за предвремени избори.




