Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Падот на режимот и потоа

0
By Нова ТВ on October 5, 2016 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 5, 2016 10:32

Автор: Стево Пендаровски, универзитетски професор

 

Македонија одамна престана да учествува во две интерни дебати важни за секоја држава: првата, за источната или западната врата за влез во глобалните процеси која, наводно, ја завршивме во 1991-1993 и втората, за квалитетот на демократијата, каде што претежно статиравме и ги имитиравме другите во периодот 1989-1991. Вторава линија на разграничување, популарно позната како север-југ зборува за богатството на народите, но, во суштина, зборува за квалитетот на демократијата, затоа што само неколку земји се богати под диктатура.

Ако се исклучат дел од арапските држави кои се енормно богати, но, немаат повеќепартиски систем, Сингапур е осамен исклучок меѓу изборните автократии. На последните избори таму опозицијата доби само 6 мандати од 89, но, луѓето  се очигледно задоволни со 85.000 долари по глава на жител,затоа и довербата во владата е неверојатни 84%. Нивниот покоен диктатор велеше дека се единствени  во светот кои успеале,за 30 години, од третиот свет да станат земја од првиот свет. И затоа што им е побитен стомакот од слободата, дури 1.7 милиони луѓе за две години го посетиле неговиот гроб.

Меките диктатори на 21-от век сѐ помалку употребуваат сила, а сѐ повеќе пропаганда за останување на власт. Статистиката вели дека пред 40 години секој петти диктатор практикувал масовно насилство за да остане во својата палата, денес, “само” 6% го прават тоа. При тоа, се подразбира дека поединечните ликвидациина партиски активисти или истражувачки новинари не им се туѓи, но, тоа, според експертите, не влегува во категоријата на масовно насилство.

Методите за останување на власт се бројни и нам добро познати, но, еве, неколку примери од  други меридијани за да ни  биде полесно. Проценките велат дека во три големи автократски држави, процентот на платени постови или коментари на социјалните мрежи кои се директно менаџирани од партијата на власт изнесува 20-25%. Или, трансферите од буџетот кон главните телевизиски станици на претседателот на Перу, Фуџимори, изнесувале околу 36 милиони долари на годишно ниво што е далеку под сличните трансфери на македонската фамилија со  оглед дека Перу е 15 пати поголема земја од нас.

Во делот на пристапот до информации, новите диктатори ретко спроведуваат директна цензура како,на пример, Иран каде се верува дека постои најсилна бранапротивинтернет. Полесно им е тн. кооптирање на непослушните интелектуалци и новинари кои ги купуваат со многу пари и привилегиран статус или со малку пари, лична карта и нешто имот во главниот град. Школски пример е Мароко чие што ниво на интернет цензура е слично со Јапонија, но, содолга и успешна традиција на купување на човечки души за место на дворот. Тамошната опозиција вели дека токму заради тоа ниту Арапската пролет не го заниша престолот, иако тие протести биле први во нивната историја кога кралот не пукалво својот народ.

Македонија полека влегува во терминот за големи одлуки и треба да ги има пред очи следниве споредбени искуства. Прво и најважно, промена на режимот на избори е- можна, се разбира со максимална политичка мобилизација како sine qua non. Глобалната статистика вели дека по Втората светска војна само една третина од опозицијата угнетувана од различни режими употребувала сила за промени, се разбира, тука, не влегува Шарената револуцијакако ненасилен отпор. Дури и кога станува збор за персонализирани автократии, како нашата, само во половина од случаите била употребена сила за нивна демисија.

По падот се можни три сценарија: првото, вистински  пад на режимот со демократски избрани претставници во парламентот што мора да биде единствено прифатлива опција за опозицијата, второто, замена на една со друга криминална  организација, за што, во сегашната опозиција, не постојат ниту човечки, ниту политички, ниту фамилијарни претпоставки, и третото, автократот да го наследи некој од неговото најблиско  опкружување, што, според инсајдери е веќе разработувано сценарио во врвот на нашиот режим. За последново, за жал, постојат бројни примери низ светот, од Египет, каде што само водачот се вика поинаку, до Северна Кореја каде штафетата се предава од колено на колено. Вкупно, од 1945 до денес, во најмалку половина случаи кога лидерот е сменет, режимот останал, а во втората половина кога биле сменети и лидерот и неговиот  режим,автократските практики преживеале.

Според неодамнешна студија на универзитетите УКЛА и Пенсилванија, персоналните автократии потешко се рушат дури и од еднопартиските системи затоа што содржат поголем личен влог. За нас тоа претставува историска правда, затоа што во 1991-та за демократијата не се боревме, туку ја добивме по инерција.Инаку, еден од најдобрите познавачи на транзицијата вели дека најголем проблемво суштина не е соборувањето на автократот, туку, надминување на менталната матрица, од него креирана, којаги пасивизира луѓето во годините на диктатура. Периодот на нормализација,наводно,трае колку што траела и диктатурата.Преведено,тоа кај нас значи дека рокот за истраги на СЈОтреба да биде продолжендо 2026-та.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.