Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пахор: Македонија во јуни треба да добие датум за преговори

0
By Нова ТВ on June 11, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„На Македонија во јуни треба да и се даде датум за почеток на преговори со ЕУ“, изјави претседателот на Словенија Борут Пахор денеска на прес-конференција, по неговото обраќање во Европскиот парламент во Стразбур.

На прашањето дали шефовите на држави и влади на идниот европски самит ќе имаат храброст да и доделат датум за почеток на преговори на Република Македонија, Пахор рече: „Мојот одговор е да. Иако прашањето за името не е решено, јас сум да и се додели датум за почетк на преговори на Македонија. Како голем пријател на Македонија, јас можам само да жалам што не се искористи можноста која и беше дадена да го реши проблемот со Грција. Но независно од ова, мислам дека е важно да и се даде датум за почеток на преговорите на Македонија.“

Според Пахор проблемите треба да се решаваат, а не да се продлабочуваат. – Потребно е да се најдат решенија за проблемите, а не тие да се продлабочуваат. Потребно е да и се даде датум на Македонија, но тоа е мое лично мислење. Но ова под еден услов, кога одлуката ќе биде донесена, Македонија и Грција во еден разумен рок треба да се согласат најдат решение и компромис за прашањето со името, изјави словенечкиот претседател. Смета дека во овој конфликт не треба да има ниту победник ниту поразен, бидејќи тоа се соседни земји кои ќе бидат во иста заедница. Притоа Пахор го посочи примерот на начинот на кој неговата земја и Хрватска го решија граничниот спор со компрмис. – Македонија и Грција треба да го направат истото, нагласи Пахор.

Ако на Македонија не и се даде датум за преговори, Пахор мисли дека Македонија и Босна и Херцеговина ќе бидат оставени настрана и ќе бидат заборавени на Балканот, во момент кога Србија и Црна Гора напредуваат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.