Индија и Пакистан се на работ на отворен вооружен конфликт откако Исламабад утрово започна воена офанзива насочена кон повеќе индиски бази. Според пакистанската војска, цел на нападите се стратешки локации, вклучувајќи складиште за ракети и воздухопловни бази.
Воени и дипломатски извори информираат за загинати најмалку 48 лица од двете страни, додека серија експлозии одекнале во регионот на Кашмир, Џаму и Сринагар.
Во Индија биле активирани сирени за воздушна опасност.
Премиерот на Пакистан, Шехбаз Шариф, го свика Националниот команден совет – тело што донесува одлуки поврзани со националната безбедност и нуклеарниот арсенал – само неколку часа пред почетокот на офанзивата.
Индиските власти ја обвинија Пакистан за употреба на суперсонични ракети против воздухопловни бази во Индија, додека Исламабад тврди дека претходно бил нападнат од индиски ракети. Индија негира дека нападите предизвикале значителна штета на нејзината воена инфраструктура и ги отфрли наводите за уништување на системи како С-400 и бази во Адампур, Нагрота и Чандигар.