Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Палмер: Нема потреба од средби со Мицкоски и Иванов 

0
By Борјан Јовановски on October 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 22, 2018 18:21

Заменик помошникот на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Метју Палмер ја смета за историска одлуката од петокот на Парламентот и почеток на интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО.

Тој ја поздрави одлуката на 80 пратеници кои гласаа „за“ и им честираше на оние осуммина од опозицијата на храброста да се одважат да гласаат за интересите на земјата, а не на партијата.

Палмер очекува и амандманите да добијат поддршка во Собранието. На брифингот со новинари, Палмер рече дека остварил средба со 30 пратеници од сите пратенички групи, меѓу кои и пратеници од опозицијата кои гласале за почеток на постапката за уставни измени.

Тој изрази загриженост дека некои биле изложени на притисоци и закани. Рече дека со лидерот на ВМРО ДПМНЕ не се видел и дека за тоа нема потреба, бидејќи како што рече, се што требало да му биде пренесено и се што требало да се каже било во писмото на Вес Мичел. Исто така, тој рече дека нема потреба да се сретне ниту со претседателот Иванов.

Што се однесува до раководство на ВМРО ДПМНЕ, Палмер рече дека САД слушаат дека декларативно се за за ЕУ и НАТО, но дека таа нивна позиција им делува преапстрактно и теоретски и дека очекуваат ВМРО ДПМНЕ таа декларативна заложба да ја преточат во конкретни политички одлуки, како што би била поддршката за Договорот од Преспа, преку кој оди патот до ЕУ и НАТО.

Палмер изрази згриженост поради очигледната вмешаност на Русија во процесите во Македонија како и пошироко на Балканот и во таа смисла смета дека се очигледни различните интерси на ЕУ и САД од една страна, кои сакаата Балканот да го видат во мир со себе и кон другите, со отворени перспективи за граѓаните од цел регион, и од друга страна на Кремљ, кој во регионот работата на создавање поделби и конфликти и тоа на еден нетранспарентен начин. Нивното  влијание е очигледно преку некои медиуми и преку социјалните мрежи.

Што се однесува до ставот на Руската амбасада дека ќе продолжи да ја признава Македнија под уставното име, Палмер рече дека САД не ја разбираат одуката и не ја коментираат. Но истакна дека Русија во Советот за безбедност на ОН  нема начин да го попречи Договорот склучен  меѓу две суверени земји.

Прашан за иницијативата за помирувањето Палмер рече дека тоа може да биде во фукција на обединување на општетството и тоа треба да е процес кој ќе дефинира како и што ќе произлезе од него, низ една поширока политилка и стручна дебата во јавноста и дека САД, кои вложиле многу и за кои е огромно значење е владеењето на правото, очекуваат дека тоа помирување нема да се рефлектира врз владеењето на правото. Во тој контекст, Палмер денеска се сретнал со министерката за правда, со претставници на судската власт, на СЈО и на Обвинителство.

Следува поопширен текст за ставовите на заменик помошникот американски државен секретар Палер изнесени на овој брифинг.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.