Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Панчевски не исполнува услови за државен обвинител – Топалова-Исајловска доби позитивно мислење

0
By Zoran Ivanov on February 17, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 17, 2026 13:37

Владимир Панчевски не ги исполнува законските услови за да биде оценуван како кандидат за државен јавен обвинител, откако членовите на Совет на јавни обвинители заклучија дека нема непрекинат работен стаж од најмалку 10 години. Со тоа, тој не може да конкурира за функцијата републички јавен обвинител на местото на разрешениот Љупчо Коцевски.

Истовремено, в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска доби позитивно мислење од членовите на Советот.

Меѓу останатите кандидати се обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичен суд Скопје Ненад Савевски и обвинителката од скопското Обвинителство Лидија Раичевиќ. Расправата по кандидатурите е во тек.

Постапката за избор на нов државен јавен обвинител започна со огласот што го распиша Собрание на Република Северна Македонија на 12 јануари годинава, со рок за пријавување од 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник“. Кандидатите мора да имаат непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавни обвинители или судии од областа на кривичното право.

Согласно Законот за Јавното обвинителство, кандидатурите се доставуваат до Владата, која потоа бара мислење од Советот на јавните обвинители. Советот е должен во рок од 15 дена да достави образложени мислења.

Доколку не даде позитивно мислење за ниеден кандидат, Владата не може да утврди предлог и треба да му предложи на Собранието распишување нов оглас. За избор на нов државен јавен обвинител се потребни најмалку 61 глас од пратениците. објави

Избор обвинител Совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Невреме во Хрватска – затворени училишта, паднати дрвја, навеви снег, колапс на јавниот превоз

March 27, 2026

Во главниот град на Бугарија се запленети околу еден милион фалсификувани евра

March 25, 2026

Трагедија во Турција – се урнаа две згради, во тек е спасувачка акција

March 22, 2026

Хрватска со итни мерки за нафтната криза

March 21, 2026

Кина му предложи обединување на Тајван во име на енергетска безбедност

March 18, 2026
ФОКУС
March 28, 2026

Кочани: Нов марш за Ангелите

ВЕСТИ March 28, 2026

Родителите на починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, после паузата поврзана со одбележувањето на годишнината…

ЕБОР: Македонија меѓу најзагрозените од блискоисточната војна

March 28, 2026

Израел погоди нуклеарни објекти во Иран

March 27, 2026

Њујорк Тајмс: Трамп ја крие вистината за војната против Иран

March 27, 2026
ТИКЕР

Невреме во Хрватска – затворени училишта, паднати дрвја, навеви снег, колапс на јавниот превоз

March 27, 2026

Во главниот град на Бугарија се запленети околу еден милион фалсификувани евра

March 25, 2026

Трагедија во Турција – се урнаа две згради, во тек е спасувачка акција

March 22, 2026

Хрватска со итни мерки за нафтната криза

March 21, 2026

Кина му предложи обединување на Тајван во име на енергетска безбедност

March 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.