Македонскиот напаѓач Горан Пандев очекува одлична сезона во Наполи и ги истакнува големите клубски амбиции. Пандев сака да направи чекор напред и не крие дека сака со Наполи да го освои првенството…
Наполи сака да ја прекине доминацијата на Јувентус кој ги освои последните две националните првенства на Италија.
„Сакаме почетокот на сезоната да тргне добро. Минатата сезона бевме одлични, но оваа сезона сакаме да направиме чекор понапред – сакаме да го освоиме Scudetto. Освојувањето на првенството може да ни го промени животот и се надевам дека ќе им го приуштиме тоа задоволство на навивачите на Наполи кои долго чекаат за трофејот“, истакна Пандев.
Најголемиот плус, Пандев го гледа во доаѓањето на Рафаел Бенитез, „тој има победнички менталитет и промени многу работи во соблекувалната, тој е многу искусен стручњак и квалитетот на момците се зголеми“.
„Верувам дека ќе бидеме многу добри и дека новите играчи ќе дадат голем придонес во тоа“, додава Пандев.
Наполи има големи амбиции и во Европа каде ќе се обиде да стигне што подалеку.
„Оваа сезона имаме повеќе искуство и се надевам дека тоа ќе ни помогне да оствариме вистински резултат во Европа. Дојде и Игуанин, вистински победник и се надевам дека во тандем ќе постигнеме многу погодоци“, изјави Пандев.
Во првото коло на серијата А Наполи на свој терен ја дочекува Болоња.