Нашиот фудбалер се повлече од дресот на репрезентацијата по завршувањето на Европското првенство, но најави дека сака да одигра уште една клупска сезона.
Тој досега за Џенова одигра 156 натпревари и е третиот странец со најмногу настапи во дресот на овој славен клуб. Постигна 28 голови за џеновјаните од вкупно 101 во неговата кариера во Серија А.
Пандев има 38 години, a за Џенова игра од 2015 година. Тој ќе биде еден од најстарите играчи во Калчото оваа сезона.