Пандев доби нови газди на „Луиџи Ферарис“: Американски фонд ја купи Џенова

Американскиот инвестициски фонд „777 Partners“ за сума од 150 милиони евра стана нов сопственик најстариот италијански фудбалски клуб Џенова, во чии редови настапува Горан Пандев. Италијанските...

(Видео) Серија А: Гол на Пандев, рутина на Рома, минималец на Јуве

Реализација на капитенот на македонската репрезентација од 45. минута не беше доволна за бод(ови) на Џенова да излез од опасната зона на табелата. Рома славеше на „Луиџи Ферарис“ со 3:1 и ги остави домаќините на претпоследното место со само 14 бода. Јувентус во последниот меч од неделната програма ја совлада Парма со 2:1

Серија А: Рома трипати водеше, Џенова замина со бод од „Олимпико“

Горан Пандев го одигра последните десетина минути, вклучувајќи го и судиското надополнување, во ремито на џеновјаните во Вечниот град. Удинезе претходно го порази бледиот Милан со 1:0 во меч во кој дебитира Илија Несторовски

Серија А: „Гранде“ Пандев со асистенција и гол за прв пораз на Јувентус (Видео)

Капитенот на македонската репрезентација мина еден час на клупата пред Чезаре Прандели да реши да го испрати на терен со надеж дека токму тој може да направи разлика. И ја направи. Во 72. минута му асистира на Стефано Стураро за 1:0, а во 81. минута со мајсторски удар и самиот се запиша во листата на стрелци за конечни 2:0 на „Луиџи Ферарис“ во Џенова

Серија А: Втор гол на Пандев, Јуве, Рома и Наполи на рутина (Видео)

Џенова го совлада Киево со 2:0, капитенот на македонската репрезентација погоди во 54. минута. Со идентичен резултат, „старата дама“ славеше над Болоња, наполитанците со 3:0 триумфираа над Парма, „волчицата“ подобра од Фросиноне со 4:0

Серија А: Пандев со сезонски првенец пред Роналдо, бламажа на Наполи

Сасуоло ја доби голеадата против Џенова на домашен терен со 5:3 и остана веднаш зад Јувентус на врвот на табелата во италијанското првенство. Капитенот на македонската фудбалска репрезентација беше во почетниот тим кај гостите, одигра цел натпревар и во листата на стрелци се впиша во 70. минута за намалување на 5:2 во тие моменти