Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Панел дискусија за зголемување на јавната свест: Со трансплантација на органи од починат донор се спасуваат животи

0
By Sashko on December 16, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Особено важно е да се зголеми јавната свест дека со трансплантацијата на органи од починат донатор се спасуваат животи на луѓе на кои тоа им е единствено решение за спас. Со добра организација и соработка меѓу медицинските експерти и тимови од јавното и приватното здравство, македонскиот здравствен систем покажа дека и во услови на пандемија е подготвен за успешно извршување на трансплантации на органи од починат донатор.

Сепак, процентот на дарувани органи во земјава е сѐ уште прилично низок, односно околу 20 проценти од органите на пациентите со мозочна смрт се трансплантираат, за разлика од некои земји во ЕУ каде овој процент е и над 50 проценти.

Ова се дел од клучните поенти од денешната панел дискусија насловена „Трансплантација на органи“ во организација на Ротари клубот Скопје Парк.

Според министерот за здравство Венко Филипче, со направените шест трансплантации на срце, 19 бубрежни трансплантации и четири на коскени ткива од починат донатор во изминатиот период, и покрај актуелната пандемија со ковид-19, македонското здравство покажа дека располага со соодветни капацитети, стручен кадар, опрема и соодветна организација за изведување на најсложени медицински постапки со кои се спасуваат човечки животи.

Горд сум и благодарен на моите колеги од јавното и од приватното здравство кои заеднички успешно ги извршија овие постапки, но најголемата благодарност, сепак, е за членовите на семејствата на починатите донатори на органи, без чија согласност овој успех немаше да биде возможен. Нивната благородна одлука и хуманост ќе останат забележани во историјата на македонското здравство и ќе бидат пример кој ќе се следи во нашето општество, рече Филипче на панел дискусијата.

Тој смета дека здравствениот систем од стручен, кадровски и организациски аспект е подготвен за натамошно проширување на програмата за трансплантација на органи, во делот на мултиорганската трансплантација, со што би се зголемил бројот на реципиенти на органи кои чекаат на шанса за подолг и поздрав живот.

Според Маја Мојсова Мијовска, национална координаторка за трансплантација на органи, за да може да се изведе трансплантација, особено кога донаторот е починато лице, неопходни се прецизни протоколи кои точно ги дефинираат сите постапки во текот на целокупниот исклучително сложен процес, големи тимови од врвни експерти и искусен медицински персонал, врвна медицинска опрема и соодветни просторни услови, како и механизам за креирање на листи за приматели на органи.

Во земјава, како што беше нагласено на панел дискусијата, годишно има околу 100 до 120 лица кои доживеале мозочна смрт, најчесто поради сообраќајни несреќи или мозочни изливи и со тоа станале потенцијални донатори на органи.

Експертите се согласни дека сведоштвата за лицата кои донирале органи и оние што ги примиле се клучни за поместување на границите на општествената свест за ова важно прашање.

Венко Филипче живот Јавна свест Маја Мојсова-Мијовска Македонија Органи трансплантација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.