Руски специјални полициски служби во моментов вршат итни прегледи во пет московски училишта, детска болница и породилиште, како и на 12 окружни судови, по анонимните предупредувања за поставени бомби во овие згради.
„И натаму пристигнуваат закани за поставени бомби ширум Москва“, за Тасс изјави извор од службите за итни интервенции.
Како што наведе, во моментот се „чешлаат“ осум локации, а во пребарувањата се вклучени специјални единици и кучиња трагачи.
„Заканите со бомби и натаму пристигнуваат во московските судови. Непознато лице информира дека експлозивен материјал е поставен во Окружниот суд во Коптевско каде е во тек безбедносна проверка“, пренесе Тасс.
Утринава и неколку окружни судови во Санкт Петербург, исто така, примиле слични закани и таму е во тек евакуација на персоналот.