Државната комисија за лустрација в петок ќе го отвори досието и ќе ги разгледува документите што се однесуваат на Методија Андонов-Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ.
Ченто беше жртва на политички монтиран процес во 1946 од тогашното југословенско и македонско комунистичко раководство.
Со ова се отвора можност Комисијата да ги лустрира лицата кои биле вклучени во случај „Ченто“.
Прв на удар на можната лустрација ќе биде судскиот совет на Окружниот народен суд во Скопје, чиј претседател беше Панта Марина, а членови Лазар Мојсов, подоцнежен висок југословенски функционер, и Kоле Чашуле, познат македонски писател и дипломат, објавува Дневник.
Како што изјави за НОВА, Чедомир Дамјановски член на Комисијата за лустрација, тој не согласува со овој процес, бидејќи станува збор за поранешни функционери и поради тоа што тие се веќе починати. Според Дамјановски случајот со Методија Андонов-Ченто е чист, тој е веќе рехабилитиран, а судската пресуда од 1946 година е поништена од страна на Врховниот суд.




