Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Папа Францис во Албанија: Сакам да ја зацврстам верата во црквата во Албанија

0
By Нова ТВ on September 21, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска (21.09.2014) папата Франциско е во посета на Албанија. Кои се очекувањата од неговата посета, во интервју за Дојче веле објаснува Ерих Лајтенбергер, портпарол на фондацијата Про Ориенте.

Поглаварот на Римокатоличката црква ги обиколува речиси сите краеви во светот. Неконвенционалните посети на одредени делови на планетата, би можело да се рече, се негова специјалност. Еднаипол година по стапувањето на должноста, на својата прва посета во границите на Европа, папата е во посета на Албанија, каде живеат три милиони луѓе. Околу една петтина од населението е христијанско, мнозинството се муслимани. За Франциско, како што изјави тој неодамна, оваа посета има големо симболичко значење:
„Со оваа кратка посета сакам да ја зацврстам верата во црквата во Албанија и да ја покажам својата љубов и охрабрувањето за земја која долго страдаше како последица на идеологиите од минатото“, изјави понтифаксот пред неколку месеци.

Дојче веле: Зошто папата одбра да ја посети во рамките на Европа оваа мала земја, на работ на европскиот Запад?

Ерих Лајтенбергер: Постојат повеќе мотиви. Прво, Албанија се наоѓа меѓу Исток и Запад, вклучувајќи го и верскиот аспект. Во оваа земја има бројни католици, но и православци, муслимани, како и бектеши (ред близок до суфизмот, н.з.). Освен тоа, Албанија е европска земја во која можеби најјасно од секаде беа видливи последиците на државно-атеистичкиот приод на комунизмот, зашто таму во 1967 година за време на режимот на Енвер Хоџа беа забранети сите верски обреди и уништена целокупната инфраструктура на религиозните заедници. Но, она што не можеше да биде уништено, е живата вера во срцата на луѓето. По крајот на комунизмот, во Албанија оваа вера стана повторно јасно видлива, што се манифестира и преку многуте реставрирани, но и новоизградени цркви. Притоа, мислам како на католичката катедрала, така и на православната црква во Тирана, но и на многу други цркви.
Но, постои и уште една причина зошто е посебно интересна посетата на папата на Албанија. На земјата која се наоѓа на Средоземното Море веројатно и‘ успеа да обезбеди најдобар мирен соживот на верските заедници, првенствено меѓу христијаните и муслиманите. Тоа е поврзано со албанската историја и со фактот што во албанските семејства често ги има двете вери, што постојат мешани бракови, нешто што е реткост во општества со исламски печат. Често се случува човек од муслиманско семејство да се сврти кон христијанството и да премине во католичка или православна вера.

Дојче веле: Во време на големи безредија во светот, папата сака да го истакне албанскиот пример. Дали е тоа вистински пораката која папата Франциско сака да ја испрати од Албанија?

Ерих Лајтенбергер: Мислам дека пораките и изјавите на папата во Тирана треба да се следат со голем интерес. Тој веројатно при средбите со претставниците на религиозните заедници ќе стави акцент на одредени тежишта на албанската стварност, традиција, историја, истакнувајќи како може денес да се одвива соживотот на луѓето од различна вера. И тоа токму денес, кога во одредени делови од светот наеднаш се спроведува беспоштеден свиреп терор кон лицата кои се од друга религија. Албанија од овој аспект е многу добар пример, кој може да им служи на останатите нации, од Албанија може во овој поглед нешто да се научи. Албанија е спротивност на темните слики на угнетување кои стигнуваат од Ирак и од Сирија, каде фанатиците-исламисти ги убиваат и угнетуваат луѓето само затоа што се верници-христијани.

Дојче веле: Секако, голема тема е безбедноста на папата за време на посетата на Албанија, каде ќе оди во отворен автомобил. Италијанскиот печат го цитираше ирачкиот амбасадор во Ватикан, кој изрази „голема загриженост за безбедноста на животот на папата“. Многумина Албанци се борат на страната на Исламска држава во Ирак и Сирија. Постојат ли причини за стравувања?

Ерих Лајтенбергер: Се разбира, насекаде, не само во Албанија и во Косово, туку во многу европски земји постојат млади луѓе кои дозволиле да бидат заведени и заслепени од лудилото на исламистите и да бидат вовлечени во неверојатни агресии кои ги извршуваат исламистите првенствено во Сирија и во Ирак. Но, мислам дека во поглед на безбедноста на папата, треба да се биде опуштен, како што беше и портпаролот на Светата столица, кардиналот Ломбарди при претставувањето на деталната програма на посетата на папата. Франциско не дозволува да биде под притисок и влијание на какви било гласини и претпоставки.

Дојче веле: Ова е втора посета на еден папа на Албанија. Јован Павле Втори беше тука во април 1993 година, кога по долги децении државен атеизам тоа беше можно. Може ли да се рече дека папата Франциско сега во Албанија ќе најде целосно поразлична, обновена црква?

Ерих Лајтенбергер: Интересното е што и покрај целосно уништување на сите структури на црквата од страна на комунистичкиот режим, нејзината обнова релативно е напредната. Тоа е веројатно резултат на фактот што верата никогаш не згаснала од срцата на луѓето. Но, можеби во Албанија исто така, заразлика од останатите посткомунистички цркви, имаше поголем солидарен придонес од останатите цркви, на пример од Италија, од каде од многу локални цркви дојдоа свештеници. Импресионирани сме од присуството на црквата денес и од напорите на луѓето католици, под многу тешки материјални и општествени услови, да ја оживеат во секојдневието својата вера.

Професор Ерих Лајтенбергер е портпарол на фондацијата Про Ориенте, австриска заедница на христијански цркви, која се залагаза разбирање меѓу Римокатоличката и Православната црква.

Фондацијата Про Ориенте ја основал австрискиот кардинал Франц во текот на Вториот ватикански Конзил на 4 ноември 1964 година во Виена. Оттогаш Про Ориенте се концентрира на премостување на раздорот меѓу двете цркви.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
ФОКУС

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

ВЕСТИ October 9, 2025

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека синоќа е постигнат „историски успех“ на Блискиот…

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

October 9, 2025

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

October 8, 2025

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.