Од октомври ватиканскиот дипломат Пиетро Паролини ќе застане на местото државен секретар и главен помошник на папата Фрањо, функција која често се нарекува „заменик на папата“.
Со неговото именување започнува голема реорганизација во Римокатоличката црква.
Пролини доаѓа на ова место поради финасиските и етички скандали кои го одбележаа осумгодишното владеење на неговиот претходник Бенедикт ХVI.
Паролин има 58 години и е млад, но многу искусен ватикански дипломат. Доколку папата почине или се повлече од местото, сите високи свештеници во Ватикан автоматски ќе ги изгубат своите места, прогнозираат аналитичарите.
-Папата Францис многу верува во него кога се во прашање меѓународните односи, оценува Грег Бурк, аналитичар во Ватикан.
Ватикан има дипломатски односи со повќе од 170 држави во светот.