Папата Френсис изјави дека интернетот е подарок од Бог, пренесува пoрталот ИТ. Интернетот, вели католичкиот водач, овозможува комуникација помеѓу различни групи за да ќе можат да разговараат околу разликите. „Интернет е напредок за човештвото, не за технологијата.“ изјави Папата на денот за комуникација на католичката црква со светот.
„Културата на средба бара не само да сме подготвени да даваме, туку и да примаме. Медиумите можат многу да помогнат, особено во денешно време кога мрежите на човечка комуникација направија огромен напредок. Интернет, нуди огромни можности за средба и солидарност… Ова е нешто навистина добро. Подарок од Бог“, изјави папата Франсис.