Папата Францис денеска објави дека неговата прва посета како бискуп во Светата Земја ќе биде во Мај годинава.
Зборувајќи за време на неговото неделно благословување во Ватикан, тој рече дека ќе ги посети Ерусалим, Витлеем и главниот град на Кралсвото Јордан, Аман.
Посетата е закажана од 24 до 26 мај.
„Во пресрет на радоста, типична за Божиќ, сакам да ви соопштам дека од 24 до 26 мај, со волја на Господ, одам на аџилак во Светата Земја“, рече папата пред народот на плоштадот Св.Петар.
„На Светиот Гроб ќе го прославиме Вселенскиот состанок со сите претставници на христијанските цркви во Ерусалим, заедно со патријархот Вартоломеј“, надополни поглаварот на Римокатоличката црква.