Папато Францис на Плоштадот Македонија во Скопје одржа света литургија на која присуствуваа повеќе од 15.000 луѓе-граѓани од земјава и странство. Папата упати пораки за мир, соживот, за поголема љубов кон Бога и кон луѓето, порачувајќи:
„Рамнодушноста и клеветите да се заменат со чувствителност и надеж, да се надминат стереотипите и повеќе да се грижиме еден за друг… Гладни сме за добрина и солидарност. Навикнати сме да го јадеме тврдиот леб на дезинформацијата“, рече папата на литургијата на Плоштад Македонија.
Скопскиот бискуп и епарх на струмичката епархија монсињор Киро Стојанов, се заблагодари на посетата и најави дека ќе се подигне спомен обележје на апостол Павле во селото Паљурци.
По литургијата, папата ќе одржи екуменска и меѓурелигиска средба со младите во Католичката црква, а потоа и со свештениците и нивните семејства.




