„Насилството и војната водат само кон смрт. Тие говорат за смртта. Насилството и војната се јазикот на смртта. Во саканата Сирија, на Блискиот Исток и во целиот свет да се помолимe за помирување и мир“, им порача папата на околу 70 000 луѓе на синоќешната молитва за мир во Сирија.
Папата Франциско, од полштадот „Свети Петар“ во Рим апелираше да се запре ширењето на крвавиот судир во Сирија и ги повика светските лидери да „го извлечат човештвото од спиралата на тагата и смртта“.
Претходниците на актуелниот папа организираа слични молитиви и за мир во Ирак, на Балканот и во Виетнам.
На почетокот на неделава папата Франциско упати писмо до учесниците на Самитот на Г-20 во Санкт Петербург во кој повика да престанат „непродуктивните заложби за воено решение“ на конфликтот во Сирија.